Свет

РУСИЈА ИСПРАТИ УЛТИМАТУМ ДО УКРАИНЦИТЕ ВО МАРИУПОЛ: Имаат рок до утре наутро да го предадат градот на руските сили

mariupolj, borbe

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до раните утрински часови во понеделник наутро да даде одговор за предавањето на Мариупол, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости.

Зеленски ја продолжува воената состојба, руските сили продолжуваат да навлегуваат!
Од 10:00 до 12:00 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез на украинските војници и странските платеници без оружје, во тој случај е гарантирано спасување животи, по што треба да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, според РИА Новости.

Претставниците на ОН, ОБСЕ и Црвениот крст се поканети да ја следат хуманитарната операција на теренот, се додава. Руското Министерство за одбрана го повика Киев „да биде разумен и да ги поништи претходно дадените упатства кои ги обврзаа милитантите во Мариупол да се жртвуваат“.

Москва инсистира писмениот одговор на Киев на овие предлози да се добие пред 5.00 часот по локално време.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!