Свет

Русија поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН против САД и Украина поради биолабораториите

Русија поднесе официјална жалба против САД и Киев поради активностите на американските воени биолошки лаборатории во Украина, се вели во писмото испратено од постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја до генералниот секретар на ОН и претседателот на Советот за безбедност.„Во согласност со членот шест од Конвенцијата за биолошко оружје, Русија испраќа официјална жалба до Советот за безбедност, која ги вклучува сите можни докази кои ја потврдуваат нејзината оправданост и повторно бара одржување на седница на Советот за безбедност на ОН. на 27 октомври 2022 година, за да се разгледа приложената нацрт-резолуција“, се наведува во писмото во кое Спутник имал увид.

Нацрт-резолуцијата поднесена од Русија има за цел да формира комисија која ќе ги испита наводите против САД и Украина во врска со нивната усогласеност со Конвенцијата за биолошко оружје во контекст на активностите на биолошките лаборатории на територијата на Украина.

Небензја бара веднаш да се известат сите членови на СБ за оваа иницијатива.

Москва очекува дека комисијата ќе може да разјасни до кој степен Вашингтон и Киев ги исполнуваат своите обврски од Конвенцијата за биолошко оружје во однос на воено-биолошките активности на САД на територијата на Украина.

Исто така, се бара до 30.11.2022 година до СБ да се достави извештај со препораки, за резултатите од истрагата на конференцијата што ќе се одржи на 28 ноември до 16 декември во Женева. Во членот шест од Конвенцијата за биолошко оружје се вели дека „секоја држава потписничка на Конвенцијата, која наведува дека друга држава потписничка ги прекршува обврските што произлегуваат од одредбите на Конвенцијата, може да поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН“.

Related posts

Leave a Comment