Свет

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА АМЕРИКА: „Конвоите што испраќаат оружје во Украина сега се ЛЕГИТИМНИ ЦЕЛИ за нас“

Висок руски дипломат предупреди дека Москва отсега ќе ги смета испораките на оружје за Украина како „легитимни цели“.

Коментарите на заменик министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, кои ги пренесоа Скај Њуз и Базфид, веројатно ќе предизвикаат страв од потенцијална ескалација на конфликтот во Украина .

Рјабков рекол дека Русија јасно им ја кажала својата позиција на САД, пренесува „Гардијан“.

Тој рече дека Русија „ги предупредила Соединетите Држави дека испораката на оружје од бројни земји што таа ги организира не е само опасен потег, тоа е акција што ги прави тие конвои легитимни цели“.

– Нема консултации во Украина, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели. Предупредивме на последиците од непромисленото пренесување на оружје во Украина, како што се системи за пренос на противвоздушна одбрана, противтенковски ракетни системи и така натаму – изјави Рјабков, пренесува агенцијата Интерфакс.

Осврнувајќи се на американските санкции против Москва, тој рече дека тие се „обид без преседан да се зададе сериозен удар на различни сектори на руската економија“.

Но, тој инсистираше на тоа дека Русија нема намера да ги протера западните медиуми и компании, додавајќи: „Нема да ја ескалираме ситуацијата“.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!