Во просториите на Министерството за надворешни работи на северџанија, денеска беше повикан рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата, соопшти квази МНР.
– Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во наредните пет дена, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи на квази Северна.
Минатата година истото МНР за персона нон гарта прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.