Македонија

СКАНДАЛ : Државните тестирања за коронавирус четири пати поскапи од приватните

After missteps, CDC says its coronavirus test kit is ready for ...

Tестот за коронавирус што се изработува во државната лабораторија на Центарот за јавно здравје чини 4950 денари, а тестовите кои се прават чинат 1200 денари

Државните тестирања  се финансираат од државниот буџет, но сепак, иако граѓаните кои се тестираат не плаќаат од сопствениот џеб, нејасно е зошто постои толкава разлика и зошто државата ја плаќа поголемата сума?

Тестовите кои се прават во приватната клиника „Жан Митрев“ (1500 денари), се речиси трипати поевтини од оние кои се праат во лабораторијата на Центарот за јавно здравје. А, уште поевтини се тестовите кои се прават во приватната клиничка болница „Аџибадем Систина“ (1200 денари).

Министерот за здравство Венко Филипче на прес –конференција за состојбата со коронавирусот не даде прецизен одговор на прашањето зошто државата плаќа многу повисока цена за тестовите од приватните клиники.

„Во однос на цените на реагенсите морам да напоменам дека има набавка преку Институтот за јавно здравје и преку Министерството. Имавме заштеда од еден милион денари, беа  редвидени три милиони денари, а потрошивме 2 милиони“, рече Филипче без да каже зошто тестовите се речиси три до четири пати поскапи од приватните клиники.

Loading...

Related posts

Leave a Comment