Македонија

Скопје му кажа НЕ на ковид-фашизмот(ВИДЕО-ФОТО)

Неколку стотини Скопјани, вчера на плоштадот Македонија се собраа да го изразат својот револт по повод фашистичките мерки најавени од министерот за здравство Венко Филипче.

И покрај стравот кој несомнено владее кај граѓаните, неколку стотини храбри луѓе, одважно се собраа да го изразат својот револт на најавените драконски мерки за ограничување на слободата на движење за сите оние кои користејќи го основното право на избор одбиваат да ја примат експерименталната, недоволно испитана вакцина против ковид 19.

Сведоци сме на притисоци од страна на власта врз здравствените, просветните и другите работници од јавниот сектор, задолжително да се вакцинираат.

Исто така, сведоци сме на растечкиот анимозитет и јавно изречени закани на социјалните мрежи од лица кои ја поддржуваат вакцинацијата кон сограѓаните кои тоа го одбиваат.

На вчерашниот мирен протест беа присутни слободоумни граѓани, доктори, професори, познати актери и лица од естрадата, членови на политичката партија Родина Македонија и иницијативата за политичка партија Десница, кои од самиот почеток на пландемијата се цврсти на ставовите за право на избор и слобода.

Протестот мина во мирна атмосфера, со кратки инспиративни говори на неколку учесници од кои едната, Соња Вандевенде е Холандски државјанин.

На крајот од протестот, присутните најавија дека ова е само почеток и дека вакви собири ќе има се почесто.

Протестот во Скопје беше и официјално дел од светскиот пртест, World Wide Rally For Freedoom!

 

http://

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!