Македонија

Собранието едногласно ја разреши Катица Јанева

 

СКОПЈЕ -Едногласно, со 102 гласа „за“ Собранието денеска го утврди предлогот за разрешување на Катица Јанева од функцијата специјалната јавна обвинителка поради нестручно, незаконско и несовесно работење. Собранието ќе го достави предлогот за разрешување до Советот на јавни обвинители кои денес или најдоцна утре треба да закажат седница на која ќе гласаат по одлуката на пратениците. Повеќе од веројатно е дека предлогот ќе биде прифатен со што процедурата за разрешување на Јанева ќе биде завршена.

Собраниската седница на која единствена точка беше предлогот за разрешување на Јанева траеше помалку оддва часа. И покрај единствениот став на сите партии околу разрешувањето на Јанева, пратениците од власта и опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања за правен хаос, штитење на криминал и злоупотреби на правосудниот систем а се дискутираше и за предметите на СЈО и нивната иднина.

Седината почна со излагањето на Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ, претседател на Комисијата за избори и именувања. Тој ја образложи предлог-одлуката Јанева да биде разрешенаи нагласи дека неговата матична партија ќе гласа за оваа задоцнета одлука, предупредувајќи дека секогаш кога државата носи неуставни одлуки, кога Собранието гласа неуставни закони како оваа за формирање на СЈО, се случува правен хаос и штетите се санираат на многу потежок начин.Димовски обвини дека пратеници од неговата партија биле уценувани од СЈО за да го дадат својот глас во Собранието а Јанева, според него , дури и од притвор ја злоупотребува својата позиција.

Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ, ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ за политички манипулации и обид за блокирање на предметите на СЈО.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески рече дека разрешувањето на Јанева за СДСМ е фарса, повикувајќи се на согласноста што владејачката партија ја пратила до претседателот на Собранието во кое навела дека бара разрешување за несовесно и нестручно работење, но не и незаконски.

Според пратеникот Артан Груби од ДУИ правосудниот систем во Македонија според пратеникот е селективен, а ветингот што го предлагаат не е само за судиите, обвинителите и други туку и за политичарите.

За Фадил Зендели од Беса, разрешувањето на Јанева е крај на СЈО.

Катица Јанева беше избрана за специјален јавен обвинител на 15 септември 2015 година со 108 гласа „за” и нејзиниот мандат истекува утре.

Related posts

Leave a Comment