Свет

СО ВОДЕНИ ТОПОВИ ВРЗ ДЕМОНСТРАНТИТЕ! Германската полиција ги растури протестите одржани поради антипандемиските мерки! (ВИДЕО)

Германската полиција употреби водени топови за да ги растера демонстрантите против анти-епидемиските мерки што се одржуваат во Франкфурт.

Митингот на крајот беше распуштен, а кај демонстрантите не беше забележано почитување на правилата како што се носење маски и одржување на растојание, објави Ројтерс.

Околу 600 лица од движењето „Кверденкер“, кое се противи на мерките на владата против пандемијата, денеска излегоа на улиците во Франкфурт.

Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите од маршрутата што ја движеа и која веќе неколку пати беше блокирана одоколу 300 лица кои протестираат против движењето „Кверденкер“.

Портпарол на полицијата рече дека митингот е распуштен откако неговите учесници упорно одбивале да носат маски и да одржуваат физичка дистанца.

 

Германските власти затворија ресторани, додека училиштата и продавниците се уште се отворени.

Министерот за здравство Јенс Спан изјави дека на граѓаните на Германија им претстојат тешки недели, а можеби и месеци. Тој рече дека треба да помине подолг период за да се намали бројот на новоинфицирани, дури и со ограничувачки мерки.

Loading...

Related posts

Leave a Comment