Економија

СТАРТУВА СЕВЕРНИОТ ТОК 2: Првиот крак помеѓу руската и германската страна е пуштен во употреба

Ini 10 Negara dengan Kekayaan Alam Terbesar di Dunia

Сегментот под море на првиот крак на гасоводот „Северен поток 2“ е технички завршен, а пуштањето во употреба ќе започне денес, соопшти компанијата Северен поток 2 АГ, оператор на гасоводот.

– Гасоводот беше завршен на 4 јуни. Поврзувањето е извршено денес, подводните делови на гасоводот поставени помеѓу руската и германската страна се поврзани. Почетокот на полнење на гасоводот започнува денес – се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Тасс. Компанијата додаде дека работите во врска со поставување цевки на другиот крак на Северен поток 2 се во тек.

Проектот е во полна фаза иако од страна на САД беа вршени притисоци врз Берлин да се откаже од него.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!