Свет

Студен туш за Меркел : Трамп повлекува 9.500 американски војници од Германија

U.S. Army beefs up its footprint in Germany - media | UNIAN

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе повлече околу 9.500 војници од базите во Германија, вклучително и ловци Ф-16, јавуваат медиумите во САД.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека со оваа одлука Трамп испраќа прилично студена порака до еден од најголемите сојузници во НАТО, со новата распределба на силите ќе се ограничи бројот на американски војници во Германија на 25.000.

Повлекувањето на трупите од Германија се вклопува со политиката на Трамп „Америка на прво место“, која предвидува ограничено присуство на американските трупи надвор од Соединетите држави, како и претпоставката дека другите членки на НАТО мора да сносат одредена одговорност за сопствената безбедност.

Иако се чинеше шокантно веднаш по објавувањето, идејата за намалување на бројот на американски војници во Европа не е претерана новина, затоа што таквата можност беше најавена во 2007 година од страна на сенаторот Чак Хагел, кој тогаш беше шеф на Комисијата за надворешни работи на Сенатот.

Американските медиуми, вклучувајќи го и Вол Стрит Журнал, кои го открија постоењето на планот, соопштија дека голем број официјални лица во Вашингтон се надевале дека Трамп може да ја преиспита целата идеја, наведувајќи дека повлекувањето е „подарок за рускиот претседател Владимир Путин“.

Од пристигнувањето во Белата куќа, Трамп безброј пати ја предупредуваше Германија дека троши многу малку пари за одбрана во однос на богатството што го има на располагање, и побара од канцеларката Ангела Меркел значително да го зголеми буџетот за одбрана.

Американците во моментов имаат повеќе војници во Германија отколку во која било друга земја во светот освен Јапонија. Германската база Рамштајн е исто така логистичка точка за американските трупи во другите бази, вклучително и Бондстил во Косово.

Американските медиуми не објаснија дали оваа одлука на Трамп ќе има влијание врз бројот на американски војници во Бондстил.

Меѓу единиците што Американците ќе ги повлечат од Германија е ескадрила на ловците Ф-16.

Loading...

Related posts

Leave a Comment