Свет

„Студен туш“ од Анкара за Америка: Вашингтон нека се фокусира на човековите права во својата земја

Турција го менува името

Официјална Анкара денеска соопшти дека „целосно ги отфрла“ наводите за Турција, изнесени во извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2021 година.

Официјална Анкара денеска соопшти дека „целосно ги отфрла“ наводите за Турција, наведени во извештајот на Стејт департментот за човекови права за 2021 година и му порачуваат на Вашингтон да се фокусира на состојбата со човековите права во САД, јавува Анадолија.

„Сметаме дека неоснованите обвинувања за нашата земја во извештајот за човековите права за 2021 година, објавен од Стејт департментот на 12 април, се жалосни и целосно ги отфрламе“, се вели во соопштението на турското МНР.

Во соопштението се изразува жалење што САД сè уште не ја признале и ја прифатиле борбата на Турција против сите форми на тероризам, „особено против ПКК/ЈПГ, ФЕТО, ИСИС и ДХКП-Ц“.

Целосната волја на Турција за заштита и развој на човековите права беше нагласена во контекст на претходните извештаи.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!