Свет

Такер Карлсон: Зеленски е Диктатор (ВИДЕО)

Американскиот водител Такер Карлсон остро ја критикуваше одлуката на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, да ја забрани партијата Опозициска платформа за живот.

На 20 март Зеленски нареди прекин на активностите на 11 политички партии наводно поврзани со Русија. Најголема од нив е Опозициската платформа за живот, која има 44 од 450 места во украинскиот парламент.

 

Карлсон го нарече Зеленски диктатор.

– Дури и во 2022 година, вистинската демократија е ретка работа насекаде. Во повеќето земји сè уште владее некаква диктатура, како и да ја нарекуваат, а тоа ги вклучува и блиските американски сојузници. На ум ми доаѓаат кралствата Јордан и Саудиска Арабија, но има и други. Патем, да не бидеме моралисти за ова. Очигледно би сакале демократија секаде во секоја земја, но ние сме Американци, веројатно е губење време премногу да се мешаме во внатрешните работи на другите земји. Тешко е да се сменат – саркастично рече Такер.

Водителот, исто така, критикуваше тоа што „американските власти му се восхитуваат на некој кој гасне било каква опозиција“.

Related posts

Leave a Comment