Кристофер Мекдоналд
Александар Велики е еден од моите “дијамантски херои”.
Веројатно најголемиот воен гениј, со висока интелигенција, способен да командува здобивајќи лојалност кај неговите воини со еден поглед, имал огромно присуство на моќ. Според легендата, Александар открил скриена долина во северна Индија, откако ја поразил Персиската Империја и кралот Дариј. Оваа долина, заштитена од стотици змии, содржела мноштво пенливи бели камења со сила која никогаш порано не била позната. И најверојатно, тоа е начинот како дијамантите за првпат дојдоа во Европа, кога неговата победничка војска се врати во Македонија.
Познато е дека Александар верувал во моќта на камењата, кристалите и талисманите да носат успех и среќа, тој патувал со волшебници и некроманти кои му ги толкувале знаците и предупредувањата од природата. На своите воени походи и освојувања тој со себе носеше еден камен што го имаше само во својата татковина, Македонија, денес овој кристал се вика Лорандит. Александар им дал на своите генерали и омилени војници од овие камења, веројатно затоа што верувал дека кристалот може да помогне во концентрацијата и да донесе успех преку искористување на моќта на сонцето.
Во Македонија денес,во јужниот дел на Балканот, се наоѓа еден од ретките наоѓалишта на Лорандит (ако не и единствен) во светот, рудникот Алшар, во кој сеуште е присутен минералот, и е предмет на многу невообичаени приказни и мистерии од многу луѓе. Постојат приказни за чудни воени активности околу рудникот и истражувања во кој локалните жители се чуваат што подалеку од областа на истрагата.
Се е како во филмскиот серијал- X Files-. Лорандитот како Tалиум Сулфосфат, има многу интересни начини за употреба, вклучително и помагањето во проучувањето на соларните неутрони, кога се користат во одредени нуклеарни реакции.
Но, за мене, мислата за Александар во битка јавајќи на неговиот познат коњ, Букефал, потполно убеден во неговата непобедливост поради пенливите црвени кристали, е повеќе од магија.