Свет

ТРАМП : Видов доказ дека вирусот е од лабораторијата во Вухан

Američki predsednik Donald Tramp

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека видел докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан, но вели дека не може да ги открие.

На прес-конференција во Белата куќа Трамп рече дека не може да каже зошто е убеден дека вирусот потекнува од Институтот за вирологија во Вухан, пренесува Скај њуз.

На прашањето на еден новинар дали видел нешто што во толкава мера го убедило дека вирусот потекнува од тој институт, Трамп одговори: „Да,  видов  “.

На прашањето за што станува збор, тој рече: „Тоа не можам да ви го кажам. Не ми е дозволено “

Трамп оцени дека Кина или не можела да го запре ширењето на корона вирусот или дозволила истиот  да се рашири.

Тој одби да одговори дали верува оти кинескиот претседател Си Џинпинг е одговорен за тоа како што тој смета погрешно информирање, пренесува Танјуг.

Инаку, Светската здравствена организација во неколку наврати изјави дека вирусот потекнува од природата , односно дека сите докази укажуваат на тоа дека бил пренесен од лилјаци во Кина кон крајот на минатата година и дека не настанал во лабораторија .

Loading...

Related posts

Leave a Comment