Актуелно

Трамп го задава клучниот удар : Судска постапка против Обама, Клинтон, Гејтс, Сорос…

I will gladly take all those slings and arrows for you. - Imgflip

Пресметувањето на американските суверенисти и глобалисти конечно влезе во правната рамка. Поднесена е судска постапка во федералниот суд во Калифорнија против двајца поранешни претседатели на САД, неколку члена на нивните семејства, блиски соработници, спонзори, како и странски политичари и компании. Судската постапка со 87 страници е поднесена против Барак Обама, Бил и Хилари Клинтон, Џо и Хантер Бајден, Бил Гејтс, Џорџ Сорос и други претставници на поранешната администрација и „длабоката држава“.

Обвинението е поднесено од Сајрус А. Парса, основач и извршен директор на Организацијата АИ со седиште во Калифорнија, во која го води секторот за креативни анализи и одбранбени иновации. Парса веќе 20 години истражува комплексни концепти на био-дигитални мрежи, хибридни војни и биолошки тероризам. Неодамна, тој ги објави наодите од истражувањето кои предупредуваат на заканата од можна злоупотреба на експериментите со вештачка интелигенција, воена роботика, мрежата 5G и био-технологија. Судската постапка, која ја поднесе за да се спречи уништувањето на човештвото, се однесува конкретно на тековните технолошки и биолошки закани, кои се шират од   Кина, Иран и американската „длабока држава“.

Парса ја поднесе тужбата до судот во Калифорнија на 26 февруари 2020 година, каде е поднесена под бр.3: 19-cv-02407-CAB-AHG. Обама, Клинтон, Гејтс, Сорос и други се осомничени за злоупотреба на вештачка интелигенција, кибернетика, роботика, технологија за биометриска идентификација, био-инженеринг, биотехнологија, 5G и 6G телекомуникациски мрежи и квантна компјутерска технологија што може да ја загрози човековата популација низ целиот свет. Според овие извештаи, група политичари и компании се осомничени за предавство на националните интереси на САД. Предавство, субверзивни активности и безбедносни закани беа извршени со пренесување на технологија за био-оружје во Кина, која може да се користи за био-терористички операции. Обвинетите се товарат дека извршиле био-дигитален социјален инженеринг со употреба на човечка биометрија и вештачка интелигенција. Злоупотреба на кодови за идентификација и алгоритми нелегално собрани приватни биометриски податоци, со што се нарушува целиот корпус за човекови права, вклучително и правото на приватност. Собраните податоци беа користени за геноцид против културни особености, религиозна дискриминација и влијание врз медиумите, што овозможи цензура на „неподобните“ погледи од научници и политичари, дури и од американскиот претседател Доналд Трамп.  Контролата врз информациите овозможи контрола на јавноста.

Со помош на напредни технологии, нервни мрежи и биохемија, обвинетите создадоа и развија ксеноботова технологија за експерименти со матични клетки и роботика, со цел да оживеат вонземски облици на живот кои можат да мутираат или да се програмираат за ширење на болести кои би го загрозиле опстанокот на човечкиот вид на безброј начини.

– Со злоупотреба на биотехнологијата, сите компании и поединци наведени погоре, се обидуваат да спроведат план со желба да создадат вештачка супериорна интелигенција и да ги репрограмираат луѓето како би ја уништиле нивната слободна волја, со крајна цел да предизвикаат војни меѓу државите и со употреба на вируси и многу други начини да се уништи целата светска популација.Барак Обама, Хилари Клинтон, Џо Бајден, Ненси Пелоси, Бил Гејтс, Елон Маск (и други наведени погоре) на несовесен, некомпетентен и предавнички начин и овозможија на Кина и нејзините корпорации да поседуваат, или да украдат био-технологија, квантна технологија, био-метрика, чип технологија, 5G, воена технологија, вселенски и други технологии, како и приватни информации од американски граѓани. Барак Обама им дозволи на американските бизнисмени, институции, училишта и граѓани да инвестираат во Кина и да пренесуваат чувствителни напредни технологии кои се закануваат по опстанокот на животите на сите луѓе во светот. Обама и неговите соработници ја саботираа работата на сите американски служби за национална безбедност – според тужбата, во која учествуваа околу илјада компании, претежно во секторот за напредна технологија.

Префрлајќи ги современите технологии од САД во Кина, обвинетиот создаде услови кинеската влада и нејзините компании да поседуваат знаења, податоци и модели на вештачка интелигенција. Кинеските власти го користат пристапот до вештачка интелигенција за создавање на биометриски технологии со кои се врши надзор, следење, лов, карантин, апсења, тортура. Во специјални концентрациони логори и лаборатории се одгледуваат човечки органи наменети за трговија. Кинеските комунистички власти ги мачат своите граѓани, демократски активисти, неподобни научници, професори, судии и новинари, религиозни заедници како христијанската, малцински етнички групи како што се Ујгурите и Тибетанците и сите други поединци, кои им сметаат на властите од која било причина.

Со кршењето на националните и меѓународните закони, обвинетите ја создадоа технологијата за производство на модерно неконвенционално оружје. Пренесувајќи ја таа воена технологија во Кина, тие извршија предавство на националните интереси и ја загрозија безбедноста на Соединетите американски држави. Иран купи технологија во вредност од 150 милијарди долари од Кина. Иранската влада, војската и верската олигархија ја користат оваа технологија за ширење на нивните интереси на Блискиот исток, но и кон САД и Европската унија, а исто така се злоупотребуваат за контрола на иранскиот народ.

Преку компанијата Huawei, Кина, во соработка со Иран, разви програма 5G, чиј прстен треба да ги поврзе Африка, Блискиот исток и Европа. Во овој проект, Huawei соработува со неколку значајни западни технолошки компании.

За да ги остварат своите интереси, обвинетите обезбедија поддршка од политички групи, невладини организации, фондации, научни и наставни институции и медиуми. Обвинетите Обама, Пелоси, Самер, Клинтон, Сорос, Гејтс, Бајден и многу други создадоа политички конфликти и иницираа обид за импичмент за соборување на претседателот Трамп и неговата администрација. Со опструирање на работата на државните институции на САД, припишување и ширење неточни информации ја загрозува безбедноста не само на американските граѓани, туку и на целото светско население.

Тие ги користеле услугите на разни „експерти“ за да ги промовираат своите идеи.

Преку Сорос, Рокфелер и Фондацијата Гејтс, тие ангажираа неспособни аналитичари во Вашингтон, Њујорк, Санта Моника и низ целиот свет. Финансираа проекти кои ги покриваа сите опасности кои ги носи модерната технологија и која може да го загрози опстанокот на човечкиот вид. Скапо платените„Експерти“ предизвикаа меѓународни конфликти како би се појавиле во загрозените зони како спасители, како би го промениле културниот модел и да го прилагодат на потребите на нивниот проект.

Обвинетите создадоа мултимедијална платформа во која беа вклучени Фејсбук, Гугл, Алфабет и други компании. Со поврзување на Интернет и био-дигитални мрежи, се создаде непостоечка, виртуелна реалност. Напредната технологија овозможи прибирање на приватни податоци на корисниците на овие мрежи, што е употребено за контрола, следење, манипулирање, репрограмирање, перење на мозокот и социјално инженерство и, на крај, културолошки геноцид, прогон, апсење и убиство на луѓе кои се спротивставуваат на креаторите на био – дигиталната вештачка интелигенција, поврзана со мрежите 5G и 6G и другите командни центри.

Според обвинението, Гугл создаде платформа која собралаа податоци од целиот свет, за луѓето и сите субјекти кои користеле Интернет. Гугл преку АИ (вештачка интелигенција) системот има пристап до сè што е поставено на Интернет. Забрзувањето на протокот на информации низ мрежите  5G ќе ги овозможи сите форми на злоупотреба, од постојана контрола на населението засновано врз собраните лични податоци до физичката сила. Напредната технологија може во секое време да симулира кварови, за време на кои би се извршувале терористички напади врз кој било ентитет со помош на генетски алгоритми. Гугл и помогна на Кина да гусоврши напредни АИ програми, кои кинеската влада ги искористи за правење на оружје.

Компанијата-Deep Mind AI- направила квантни компјутери, кои биле неопходни за обработка на податоците добиени преку Google.

Според Елон Маск, компанијата го забрзала развојот на вештачката интелигенција. Deep Mind ја проследи таа технологија до Кинезите.

Neuraling и Елон Маск создадоа проект што воспостави врска помеѓу човечкиот мозок и компјутерот, со цел да се направат киборзи. Елон Маск е сопственик на Спејс Х и Тесла. Тесла ги отфрли препораките на владата на САД да не прави бизнис со Кина и се согласи да соработува со кинеските компании за кои се покажа дека учествувале во креирање, развој и експлоатација на „фарми за човечки органи“. Во последните 20 години, во кинески концентрациони логори секоја година се вршат 60.000 до 100.000 нерегистрирани трансплантации.

Во трговијата со органи, контролирана од кинеските власти, вклучена е и компанијата Амазон, која на Кина и продава разни видови на уреди и компоненти неопходни во таа „индустрија“.

Бил Гејтс и неговата компанија Мајкрософт исто така се вклучени во контроверзните работи на кинеските власти. Гејтс им помогна на Кинезите да ги рашират своите биометриски модели ширум светот и не ја информира јавноста дека неговата технологија ќе се користи во апликациите на Мајкрософт.

Барак Обама е осомничен дека свесно им дозволил на Кина и нејзините корпорации да ја преземат технологијата за вештачка интелигенција. Обама лично ги промовираше Гугл и Ерик Шмит, кои му помогнаа на кинескиот систем да лови, злоупотребува и убива кинески граѓани и да предизвикува конфликти во Африка и Блискиот исток. За време на неговиот мандат како претседател на САД, Обама ги ослабна ФБИ, ЦИА, НСА и воените служби. Иако имал информации дека кинеските власти масовно ги гонеле и убивале припадниците на политичките, национални и верски малцинства, па дури и дека организирале меѓународно тргување со човечки органи, тој не сторил ништо за да ги спречи. Обама му дозволи на неговиот заменик Џо Бајден да земе 1,5 милијарди долари од Кинезите.

За исти дела против американските интереси и безбедност се обвинети  Хилари Клинтон, Нанси Пелоси и Џон Бренан. Тие биле вклучени во трансферот на АИ технологија во кинеските компании, кои го искористиле ова за да развијат проекти за производство на беспилотни летала, воени бродови, чипови и отпечатоци од прсти Ф 35, како и вселенска технологија. Политичките активности на групата ја ослабнаа можноста на администрацијата на Трамп да и се спротивстави на Кина. Тие се виновни за загрозување на американската безбедност и злосторства против човештвото.

Џорџ Сорос е обвинет за предавство затоа што, преку неговите компании и фондации, финансирал движења што биле спротивни на интересите на американската влада. Сорос користеше оф-шор компании за финансирање на мултинационална кампања, со кои ги саботираше обидите на администрацијата на Трамп да ја спречи заканата од Кина, како што е ширењето на вирусот корона. Исто така, фондацијата Рокфелер инвестираше големи суми на пари во кинеските компании кои се занимаваат со опасни био-технолошки проекти. Ова ги поткопува активностите на ФБИ, ЦИА, НСА и Пентагон за да се спречат злоупотреби во потрагата по кинески граѓани, тортура и убиства. Тие се виновни за предавство и соучесништво во геноцидот.

Од надлежниот суд се бара да ги казни сите обвинети согласно законот. Компаниите и приватните лица треба да бидат обврзани да извршат поврат во претходната состојба и да платат финансиска штета. Во тужбата се нагласува потребата за запленување на целиот имот на Обама, Хилари и Бил Клинтон, Ненси Пелоси, Бил Гејтс и неговиот Мајкрософт, Си-Ен-Ен, Андерсон Гропе, списанието Тајм, Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, МИТ и Харвард, Џорџ Сорос и неговите фондации и компании, Марк Цукенберг и неговиот Фејсбук, како и Гугл, Амазон и сите други осомничени.

Се очекува судот во Калифорнија, по анализата на одговорот на обвинетите, судот во Калифорнија да покрене постапка со која на обвинителна клупа ќе се најдат водечките светски владетели од сенка.

Се надеваме дека Доналд Трамп и суверенистите во САД конечно ќе успеат да ги поразат глобалофашистите од длабоката држава, а со тоа ќе бидат откриени и списоците на нивните соработници од целиот свет, а што е најважно за нас, да се откријат директните марионети на длабоката држава во Македонија, за кои со сигурност може да кажеме дека се наоѓаат помеѓу двете најголеми партии кои на штета на нашите државни и национални интереси одработуваа за мрачните глобалисти од осамостојувањето па се до денес. Доаѓа времето на суверенизмот кој е спасоносен за светот кој се наоѓа на работ на бездната вклучувајќи ја и нашата држава која го губи суверенитетот и идентитетот. Да им кажеме не на досегашните владеачки партии и да им дадеме поддршка на новите суверенисти како партијата Родина Македонија и сите други здравомислечки здруженија и поединци кои го препознаваат овој историски момент кога се одлучува судбината на човештвото.

Loading...

Related posts

Leave a Comment