Свет

Трамп го назначи Марк Еспер за нов вршител на должноста секретар за одбрана

 

Вршителот на должност американски секретар за одбрана, Патрик Шанахан, одби да ја претстави својата кандидатура за процесот на потврдување на функцијата, што доведе до тоа претседателот на САД, Доналд Трамп, да го назначи Марк Еспер, за нов вршител на должноста секретар за одбрана, изјави Трамп на својот Твитер акаунт  во вторникот.

“Вршителот на должноста секретар за одбрана, Патрик Шанахан, кој добро ја вршеше својата работа, одлучи да не оди понатаму со процесот на потврдување, за да може да му посвети повеќе време на своето семејство”, напиша Трамп. “Му благодарам на Пат за неговиот досегашен придонес и ќе го именувам секретарот на Армијата, Марк Еспер, да биде новиот вршител на должноста секретар за одбрана. Го знам Марк, и не се сомневам дека ќе направи фантастична работа!”.

Related posts

Leave a Comment