Свет

ТРАМП: „Физичкото и менталното здравје на Бајден се влошува“

Физичкото и менталното здравје на американскиот претседател Џозеф Бајден се влошува, како и состојбата на целата земја, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Не можеме да направиме ништо за да го запреме менталниот и физичкиот пад на Џо Бајден. Со вашиот глас во ноември (за Конгресот), можеме да го запреме падот на нашата земја“, им рече Трамп на приврзаниците на митингот во Мичиген во саботата.

Среднорочните избори за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември, а ќе бидат избрани сите 435 членови на Претставничкиот дом и 35 од 100-те места во Сенатот.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!