Свет

Трамп ќе ги укине санкциите за Венецуела доколку се прифати предлогот на Гваидо

Американските власти велат дека администрацијата на Трамп е подготвена да ги укине санкциите кон Венецуела во случај на привремена влада формирана која би ја сочинувале сојузниците на претседателот Николас Мадуро и лидерот на опозицијата Хуан Гваидо, пренесува АП.

Планот, кој се совпаѓа со предлогот на Гваидо за формирање вонредна влада во услови на епидемија заради добивање странска помош, ќе го претстави денес државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Според писмениот предлог план доставен на увид на АП, „Демократската рамка за Венецуела“ ќе бара од Мадуро и Гваидо да му ја предадат власта на петчлениот државен совет до одржување на претседателските и парламентарните избори во 2020 година.

САД со месеци се потпираат на економски и дипломатски притисок за да ја уништат воената поддршка за Мадуро, а минатата недела ги обвинија претседателот и неговите сојузници за трговија со дрога и перење пари.

Гваидо, сметан за законски претседател на Венецуела од страна на САД и други 60 земји сателити на САД, повика на формирање вонредна влада во саботата.

Тој верува дека би било можно да се добијат 1,2 милијарди американски долари странски заем за борба против вирусот корона што Мадуро не е во можност да го обезбеди заради својата репутација и неодамнешните обвинувања од страна на САД.

Loading...

Related posts

Leave a Comment