Историја

ТРОЈАНСКИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД АЗИСКА ДАРДАНИЈА – “МYGDONES”

А живујуштите фамилии во Азиска Дарданија сева страна полостровска ја велеле Мајкина Донина. Тики од горе речена Мајкина Донина, по многу време после се превртела во наречение Македонија. –—Ѓорѓија Пулевски„Славјанско-маќедонска општа историја“, 1892

Dardanelles | Strait, Map, History, & Meaning | Britannica

Тука ќе збориме за историјата на Македонија, односно за старата и исконска Мигдонија, која е многу малку позната, бидејќи историјата за Кралството Македонија од периодот на Аргеадите е многу понова фаза кога се создавало сосема поинакво државно-политичко уредување, а на крајот од овој текст ќе дадам свое образложение и мислење за истото.

Chalcidice.jpg (854×507)

File:Emblem of Dardania.png - Wikimedia Commons

Дарданците или Дарданите (Ант. Δαρδάνιοι [Дарданиои], Δάρδανοι [Dárdanoi]; лат. Дардани), биле крајно моќен илирско-тракиски народ, многу близу до Трибалите, поврзани блиску со Дакијците и Мезиците. Според легендата, Дарданците биле основачите на Троја (види за Дардан) и сојузници на Тројанците во Тројанската војна. Потоа од Тројанската Дарданија тие низ годините ќе мигираат во разни правци, а еден поголем дел доаѓа во Дарданија на Балканот. Значи Балканската Дарданија била античка држава на просторите на Балканскиот Полуостров, на подрачјето на денешно Косово, денешна јужна Србија и северозападниот дел на денешна Македонија и денешна источна Албанија. Најголеми населби во тоа време биле Naissus (Ниш), Therranda (Призрен), Vicianum (Вучитрн), Skopi (Скопје) и главниот град Дамастион.

Областа Мигдонија е населена уште од времето на Мезолитот (9000-7000 п.н.е.). Раните жители биле Пелазгите, проследени со разните Тракијски племиња меѓу кои и Мигдониците како едно од многубројните племиња и народи кои се создале, кои го дале потаму и своето име во регионот. Научниците сметаат дека Мигдоните можеби биле Бригијско или Тракиско племе. Пеонците, а исто така Тракијците (особено Едонците) владееле и го населувале регионот некое време, сè додека не бил подоцна анексиран од Македонците и династијата на Аргеадите. Денес, поголем дел од Мигдонија се разбира е во рамките на Солунската регионална единица, во современа Грција, но првата татковина на Мигонците некогаш била во Мала-Азија како дел на Тракија, денешна Турција.

Според моите истражувања можам да заклучам дека Бригите (Бржаните, Брѓаните, Брсјаците – оние кои живеат по брдата) иако се издвојуваат како едно посебно и значајно племе сепак биле дел од Тракијците односно преведено од грчки – Рашаните (Русите).

Мигдонија била древна област населена од Tракиското племе Мигдонци, наречена според епонимoт на херојот Мигдон, дел од античка Тракија, а подоцна завладеано од кралството Македонија на Аргеадите, односно како што се вели од потомците на Херкулес (Хераклидите) кои се измешале со домордните Мигонци. Прв ја спомнува Херодот во раскажувањето за походот на Ксеркс против Хелада. Името често се користело како збирно, за означување на областите Крестонија,  Бисалтија и Антемунт. Била густо населена област со развиен градски живот.

Еве накратко неколку “грчки” топоними како и племиња од древната Тракија (Рашка) кои буквално можееме да ги читаме со денешниот јазик:

Arzos – Рашка, Bennica – Банско, Debre – Дебaр, Dolonici – Дољаничи, German – Герман, Samaika – Самоков, Travus – Тревник,  Zernae, Zirinae, Zirinia – Жрнов, Cavetza – Кавица, Melichiza – Малешево, Nestus – Места итн…

Областа ги опфаќала подрачјата околу Солинска Терма (Тесалоника), северните делови на полуостровот Халкидик (околу денешниот Солунски Залив), по долниот тек на р. Аксиј (Вардар) до Дојранското Езеро заедно со долините Клисали  Безикија, вклучувајќи го подрачјето на утоката на реката Вардар па на исток се до езерото Болбе. На север граничела со Крестонија. Меѓутоа сите овие краишта се подоцна населни од нив додека првично тие биле во Азиска Тракија и ќе го објасниме тоа подолу.

Во митологија, кралот Мигдон од Бебирчите (старогрчки: Μύγδων) , е предокот на луѓето кои живееле во Витинија, во северниот дел на Мала Азија. Тој бил крал на племето на Bebryces – Бебричите. Тој е еден и ист Мигдонски крал а во различни текстови од Википедија можете да го најдете и како:

Мигдон бил убиен од Херакле на пат кон Понт (Блатец) за да ја заврши својата девета мисија, што требало да го привлече појасот на кралицата Хиполита од Амазонките. Откако Херакле го убил Мигдон, тој ги дал своите поранешни земји на Ликеј, кој го преименувал местото во Хераклеја во чест на Херакле. Нему му се родил син, по име Бересинт (Berecynthus), од ќерката на Мигдон, Астидадемија, откако го убил нејзиниот татко.

“. . .in a battle between him [i.e Lycus] and the king of the Bebryces Hercules sided with Lycus and slew many, amongst others King Mygdon, brother of Amycus. And he took much land from the Bebryces and gave it to Lycus, who called it all Heraclea .”

Мигдон ги предводел силите на Бригите против Амазонките со мисија да ги повика на своја страна заедно со Одер (Otreus – уште еден Бригијски лидер) и Кралот Приам од Троја, една генерација пред Тројанската војна. Приам и го споменал ова на Хелена од Троја во Книга 3 од Илијада.

„Еве сега патував кон земјата Фригија, богата со винова лоза, и таму видов  мноштво мртовци, Фригијски воини, господари на стадата, дури и луѓето од Отреус и боголикиот Мигдон, кои тогаш имаа логори по бреговите на Сангарија. Зашто, исто така, како нивни сојузник, се броевме меѓу нив на денот кога дојдоа Амазониките во Троја како наши сојузници “ – Хомер. Илијада, Книга 3, ред 186

„Не знам како е веродостојно што, откако Приам се бореше против нив [т.е. Амазонките] од страната на Фригијците за време на владеењето на Мигдон, Амазонките подоцна дојдоа во Троја (Илион) како сојузници“ – Филострат Постариот. Херојка, линии 749

Да напоменам само како една увертра дека најверојатно Милош Милојевиќ е отруен. Познавачите на неговиот труд говорат за дури 17 сандуци со драгоцен материјал, документи, писма и останато што ги снемало за еден ден. Еден од тие сандуци случајно е пронајден подоцна како плен од австро-унгарската војска, иако САНУ сеуште ништо конкретно нема кажано за деталите и содржината и строго се чува во тајност.

Во книгата на овој историчар, археолог и комита Милош С. Милојевиќ “Odlomci Istorija Srpskih i Jugoslovenskih zemalja u Turskoj i Austrougarskoj, 1872, го читаме следново за племето на Бебричите:

Бебричи — Bebryci — племе кое живелеело околу Кијевљаните (Kyos, денешниот остров Иос) и се бореле со Тројанците против Елините. Самата Витинија во старата доба се нарекувала Bebrycia.

Бобриќи, Бебриќи, Бериќи, Беркути, Бркути — Bobryci, Вebryci, Berekyntoi и т.н. живееле речиси по целата своја Рашка (Таракија), во Мала Азија, со еден збор: Тие живееле во едно и исто време, по Страбон, и во еден и друг дел од светот. Живееле уште и во Македонија и Тесалија по реката Пјена (Пена). Тие живееле и во другите краишта на ова наше Тропоље. Ова исто така го сведочи и во денешното кнежество местото Берковац и во Турција, но и во Правата Србија, варошта Берковац: и реката Бебр во Хрватска, Бребир, потаму Бер и Беран, Беркут и Беркучи во кнежевината. Освен овие денеска. племето во Права Србија – Бебричи или Берани од каде потекнува и Беран кај Васојевиќи со Турскиот град и посед. Од нив доаѓа племето Кучи, како што Србите православни ги нарекуваат, а Шкипите повторно Бериш, кои живеат дури и до Косово. Но има Бебричи или Бербичи, кои денеска сеуште живеат во Горниот и така наречениот Долен Дибер (Добер, Дебар). Инаку Милош С. Милојевиќ како што самиот изјавил највеќе информации имал превземено од рускиот историчар Чертков.

Се што подолу ќе изнесам е всушност извадок од книгата на Александар Дмитриевич Чертков – “Фракийские племена, жившие в Малой Азии (1852)”  кој бил руски научник, археолог, историчар, нумизматичар, колекционер на книги. Спровел истражување од областа на Етрурологијата и Славистиката. Инаку рускиот јазик од негово време е многу полесен за нас да го читаме и разбираме. Па се надевам дека од неговите книги многу полесно можете да извлечете информации па дури и да не го знаете воопшто руски.

А._Д._Чертков

Александар Дмитриевич Чертков (19 јуни (30 јуни) 1789, Воронеж – 10 ноември (22), 1858, Москва)

aBvh-rG9zJs

На сликава се прикажани дел од неговите други книги

Во околината на Олимп живеат во северниот дел Битинците, Мигдоните и Дољаните (Doliones) . Од другата страна на планината живеат Мизите и Брегите (Βρύγοι or Βρίγες). Дољани се нарекува племемето што се населило во близина на Кизикос (Kyzikos)  и од овој град до реката Rhyndakos и езерото Даскилеон, а Мигдоните живеат близу Дољаните (Doliones) сè до самиот град Мирлеј (Myrleia). Жителите на градот Кизикос (Грците се населиле овде) сега поседуваат значителен простор на целата оваа земја, која првично им припаѓала на Дољаните и Мигдоните, точно до езерото Милетополитис (Miletopolitis,) и градот Зелеја (Zeleia). Инаку самиот поим Грци е корестен највеќе од страна на Словенските народи, додека самите немаат никаква врска со Хелените, туку самите се нарекувале како Јоанити, Јонци и во сите старо-хебрејски или пак персиски или индиски документи, овој народ е познат како Јаванити, додека подоцна во средниот век овој египетско-латински ремикс на народ се именувале самите како Ромеи (Римјани).

Во древната Троада се забележителни реките: Рес (Rhesos) и Грана (Granikos); градови: Раета, Дарданос, Арисба, Теутранија, во кои живеа Мизите. Тука е и р’тот  Раетеон. Оваа цела земја била веќе позната тогаш, како што колективно се нарекувала Мизија. Тука се градовите: Paeonia, Кале (Kale), Konision, Tegion, Balkea (Валки), Tiara (Тара), Нalysarna (Галичарна). Управувањето со Тијатира ги вклучува: Mygdones, Mossini, Bregmeni и други.

Ератостен ги набројува: Leleges, Bebryces, Solymes и други, а Исидор на овие им ги додава Каrpatos (Карпатјаните), помеѓу Кападокија и Киликија. Кипар бил поделен на девет кнежества (племиња). На овој остров ги забележуваме градовите: Kurias, Lapathos, Soles, Chytros, Karpation, Kynuria. Малите острови околу Кипар се: Styria, Illyris, Tеlenda, Dolichista, Rhoga, Enagora, Lagusa, Makrida, Skopa, Carpathos, Nisyros; на последниот град Нисирос. – На Хиос (Киев) е планината Пелена (Бела Планина). Лезбос порано се викал Pelasgia и Lasia. Во близина на Лезбос е малиот остров Пидна. – Во Мизија се градовите: Перкота; Лампаса, инаку Pityusa; Parion, порано Adrasta; Kysikos, или Arctonesos и Dolionis.

Племето Mygdones ја населило земјата, почнувајќи од планината Олимп, во Мизија, до регионот, населен од Доленците и во градот Мирлеја (Страб. погоре, стр. 7). Страбон тука го става и племето Halyzones (Галичаните), покрај реката Одрич (Odryssis), како што ќе видиме подолу. Што се однесува до името Mygdones, тоа е слично на Тракиското племе кое живее во Македонија, кое е познато меѓу Грците и Римјаните, под името: Midii, па Mygd, исто и  Mid, (Времен. IX, 90), (Тим. IX, 90). Павзаниј позитивно потврдува дека племето Мygdones го добило своето име од Мигдон (Мигд, Мид, Медо), чиј син бил убиен во Тројанската војна. Прекрасен споменик бил подигнат над гробот на Мигдон, водачот на ова Тракиско племе, кој постоел дури и во времето на Павзаниј, на границата со Брегите, а тој ги вбројува  Мигдоните како Брегичи (Бриги). (Pausan. X, 27).

Едно од племињата што живеело во Македонија било наречено исто така Mygdones, (Thucyd. II, 16). Кај нас (се мисли во Русија) имаме многу познато семејство Магденко, во јужните губернии (Журн. Минист. Народ, Просв. 1851, Сентябрь, отд. 1, 35).

Asia_Minor_in_the_Greco-Roman_period_-_general_map_-_regions_and_main_settlements

1

Делот од Витинија, кој лежи покрај брегот на Босфор Тракијски бил наречен Mygdonia. Во Битинија имало области: Thynia, Maryandena и племето Bebryces. (Amm. Marcelin. XXII, 8). Солин, исто така, потврдува и сведочи дека Витинија порано била наречена Mygdonia и Bebrycia; и го добила името Витинија од кнезот, или предокот наречен Вит – Bithynus (Solin XLIII). „Надвор од градот Калцедон, изграден против Византија, започнува земјата на Бебричите (Bebryces); непосредно до нејзе следи Мизија, со своите високи планини. “(Prisciani Periegesis e Dionisio). Дека Витинија порано се викала Bebryciа, е потврдено не само од Дионисиј, Солин и други, туку и од Апијан. Ова се зборовите на вториот; „Оние Траки, кои, под команда на Реса (Rhesos) дојдоа на помош во Илион (Троја), откако го убија Диомед (како што пишува Омир / Хомер), отидоа во устието на Понт, каде се наоѓа најкраткиот премин кон Тракија.

Така и тие ја завземале земјата тогаш наречена Bebrycia, а сегашното име Витинија, таа го добила од времето кога племето Витјани се населило таму, кое преминал тука од бреговите на Вита, во близина на стариот град Визант “(Appian. bel. Mithrid. XI, 1). Бобричите, се едно од најстарите племиња споменати во Мала Азија, зошто тие живееле на јужниот брег на Пропонтида кога ги посетиле Аргонаутите. Еве што Аполониј пишува за нив во својата песна за „земањето на златното руно“, (Appol. песнь I 1). „Аргонаутите, оставајќи ја земјата од Дољаните на изгрејсонце и минувајќи ја устата на реката Ryndacos, пристигнале на брегот на кој живеат Мезите и каде е изграден градот Киј (Kios, тогаш наречен Prusа).

Што се однесува до регионот, кој Страбон го вклучува меѓу кнежествата подредени на Приам, одредувајќи ја својата позиција од Abydos, по долината Adrastea, и до градот Kyzikos, тука живеело племето Бебричи, Дољаните и, во самиот Авид,  и Дриопјаните. (Strab, XIII, I.). Страбо го проширува доменот на Тројаните дури и до реката Киј; последователно вклучувајќи ги во сопственост на Праим племињата на Mygdones – Мигдоните, Halyzones – Галичаните  (кои живееле по реката Одрич – Odryssos), генерално Мижаните од Мала Азија. За Бебричите и Мигдоните веќе зборувавме, кога ги спомнавме Витинците; а Галичаните (Halyzones) се споменати во Пафлагонија. Dryopes е истото племе што се нарекува, меѓу другите географи, Триопа, Тропе, Торбис; тие потоа се преселиле во северна Грција, каде живееле во близина на планината Парнас, и конечно му биле познати на Павзаниј во Мореја (Pausan. V, 1).  Предок на ова племе бил Тороп, како што ќе видиме подолу, при опишувањето на Лидија. Една од најстарите вести што ја имаме за Тракиските племиња е, без сомнение, она што Аполониј од Александрија ни го дал, во својата песна, за „крадењето на златното руно“.

„Кога Аргонаутите пловеа по јужниот брег на Пропонтида, кон Колхида, зголемувањето на невремето ги натерало да побараат засолниште на местото каде Грците подоцна го градеа градот Кизикос – Kyzikos. Дољаните кои живееле овде ги нападнале Аргонаутите, но ги одбиле од нив “.
Аполониј ги нарекува Траки, и вели дека тие живееле во долините лоцирани во близина на преминот што го поврзува полуостровот Kyzikos, со цврстата земја: од тука, се разбира, доаѓа и нивното име: Доњани, т.е. оние кои живеат во долините. „Последователно“, додава Аполониј, „Јонците изградија овде град и се населија на овој брег“, земајќи им ја територијата на домородците. Инаку во тоа време Грците се познати кај сите народи како Јонци, Јавани, Јаванити и секаде се сметани за злобно племе, додека името Грци да повторам им е дадено од словенскиот народ.

Можеби тогаш дел од Дољаните да се преселиле во спротивниот Херсонис Тракијски, како што ќе видиме, во описот на Дољаните, кои живееле во Европската Тракија. Дољаните се племе кое живеело во Kyzikos и до Rhyndakos; исто така во близина на езерото Даскилеон (Strab. XII).. Дољаните и Бебричите, кај Омир (Хомер), им припаѓале на народот на Бригите, односно Бржаните од каде потекнуваат Брсјаците како што ќе објаснам подетално во нареден текст.

„Од планината Олимп, во Мизија, тече реката Rhyndakos,  каде, над морскиот брег, е изграден градот Киј (Киос) ”; »; Pom. Mela, I, 19; а Скилакс од Каријанда вели дека Rhyndakos ја наводнува Брегија. Земјата Мизија, продолжува Скилакс, изгледа како полуостров. Во нејзе се градовите: Калиполе, Олбија, реката Киј и ртот Кијан. Сега Грците живеат во нивните градови. Целиот брег на Мизија е ден пловидба кон градот Киј. Во градовите: Dardanos, Rhaetion и Ilion се населиле Грците. (Skylax Karyand.) Мизија, општо, меѓу Грците, има земја покрај Понт, помеѓу Витинија и планината Олимп, пишува Страбон (XII). Последователно таа се наоѓа помеѓу реките: Загора, од десната страна и Одриша, од лево; тука се градовите Lybyssa (Љубишка), Kios (Кијев), Myrla (Мирла), Modra  (Модра) и езерото Askania (Асканско).

Но, овде, според описот на истиот Страбон, не живееле ниту Мизите, туку Бобричите, Orchаorici – Ораовиќи, Беркутите, сите племиња кои им се припишуваат на племињата na Бригите (Βρύγοι or Βρίγες), и дека целата оваа земја е „планинска и ладна“ според неговите зборови (повеќе стр. 79). „Межите живееја во Битинија, а самиот Босфор Тракијски е наречен Мизијски“, продолжува Страбон (XII, 3). Излегува дека не само Брегите, туку и Витините ги нарекува нашиот географ како Мижани. Понатаму, Страбон уверува дека Maeones (Меоните – Мијоните, Мијаците) се потомците од Лидејците кои биле исто така Мизијци (XII, 2) и дека Мизите потекнуваат од Лидејците. Сегашната Еолија (т.е. Брегија) порано била наречена Мизија, пишува Плиниј. Тој, на оваа Мизија, ги рангира племињата: Полини, Пајони, па дури и Македонците Аскулакес / Polichni, Paeones и Macedones Askulakes (Plin. V, 32). (Плин. V, 32).

Тој продолжува: „Античката Троада (Троја) била позната уште во тоа време, како што се нарекувала Мизија (Меѓија, можеби од Меѓа – средина, Средна Земја); а значајни градови во оваа земја се: Dardanos, Rhaetea, Arisba, Kale и Paeonia» Plin. V, 33). Помпониј Мела, исто така, сведочи дека Мижите или Мезите живееле во Еолија; а сегашното име на оваа земја го дале Грците кои се населиле овде. Дел од истата Еолија, покрај бреговите на Елелспонт, порано се нарекувала Троја. Нејзиниот најдобар град е Марино / Мурино, во чест на предокот (Mυρινος), кој се населил овде, (Pomp. Mela, I, 18).

1

Како резултат на тоа, Плиниј и Мела, Тројанците, Брегите, Дарданците, Паеонците, па дури и Македонците, се во суштината Миза. – Жителите на целата Витинија биле наречени Мижани; Страбон, го навел езерото Аскани во Мисија, цитирајќи стих од еден антички поет, кој ги повикува жителите на бреговите на ова езеро нарекувајќи ги Мизијци и додава дека тука, првично, се населиле Дољан, син на Силен и Милија (Дол, сын Сильного и Милой), Страб. XII, 3. Излегува дека Долион (Dolonci) се исто така Мизиец. Но ова може да биде само еден поетичен мит и сказна и не мораме да бидеме во се буквалисти. Во Брегија, додава Страбон, ги има градовите: Azana, Kotion и Midacion, но истите се рангирани како Мизијски. (Страб. XII, 7) – Мизија била во близина на планините Olympos; другата Мисија се протегала по текот  реката Kaicos (Страб. XII, 7). Мизите и Лидејците,  се едно исто (Иб.); Миза, Лида и Карите се браќа кои потекнуваат од истиот татко (Иб. XIV, 2). Мизите кои живеат во близина на Олимп, се нарекуваат Олимпијци и Елеспонтјани. Тие живеат тука со Брегите, (Страб. XII, 3); но Херодот пишува за нив: Мизите се имигранти од Лидија и тие се нарекуваат и Олимпијани, затоа што живеат близу планините на Олимп, (Ирод. VII, 74). Затоа, еве ги Мизите, кои заедно во суштината се Лидејци и Олимпијци и Елелспонтијци и Бреги.
Тевкрите биле истио Мизи (над стр. 74); но исто така и земјата, на север од  Пергам, до Теутранија, била заселена од Мизи, кои се нарекуваат Abliles Абилели (Страб. XII, 4). Мизите и Лидијците, меѓу античките географи, имаат еден народ и јазикот на обете племиња, како и на Брегите, е сосема ист. Страбон дури и ги населува Мизите во средината на Лидија, во близина на планината Тмола, кај главниот град Сард, и додава дека веднаш по Лидија, повторно започнува Мизија (XIII, 4.). – Скилакс од Каријанда, на свој начин, пишува: „зад Антандара се наоѓа долната, за Мисија, во севкупноста, претходно се протегала до Теутријанија и во земјата, сега наречена Лидија. Горна Мисија бил наречен оној дел што лежи во земјата која сега е дел од Лидија.

1280px-Map_of_Lydia_ancient_times-en.svg

 

Во овој последен голем град: Смирна, Агра, Лебедос, Микала и други. Потребни се најмалку два дена и половина да се прошетаат по вода, бреговите на оваа Лидија или поранешната Мисија. ”Од ова е јасно дека Скилакс ја нарекува Мизија таа огромна земја што му била позната на Страбон и другите подоцнежни географи, под името Троада, Брегија, Тевтранија, Лидија и др. Што се однесува до самото име Mysi, Moesi, Mνςαι, и така натаму тогаш тоа било во употреба од страна на Грците пред зафаќањето на Троја, зашто Мизите веќе се бореле против Грците кога ги посетиле бреговите на Мала Азија, за време на нивниот подфат, да ги украдат богатствата на Колхида, (Apoll. Argonav II). Најчудно е производството на овој збор, според Грците, имено Xanthos и Menecrates (Strab. XII. 7) , како Mysos, или Mysé, на јазикот на домородците значи бука (фагус). На Олимп има многу букови дрва. На оваа планина прогонетите граѓани се населиле заради злосторството, а нивните потомци подоцна станале познати како „буквичи“ Mysi, по името на овие дрвја; а Мизите зборуваат на ист јазик со Лидите и Брегите. „Но, ова се басни“, додава самиот Страбон (Страб. XII, 7).

Бука (Fagus) e еден вид на широколисно дрво од фамилијата Fagaceae. Најраспространет вид во Македонија е обичната бука или Fagus sylvatica.

Сега ќе ги поврземе сите горенаведени докази на античките географи и историчари и ќе се обидеме да извлечеме конечен заклучок од нив. Мизите живееле (освен за Европската Тракија) во Троада, во Дарданија, низ цела Брегија, во Лидија (кај Сардис), во Долонија, во Витинија, во Теутријанија; т.е. каде и да живееле тракиските племиња, тие се потомци на Пелазгите. Згора на тоа, Карите, Пајонците, Бебричите, Витините, Беркутите, Орачаните, па дури и Македонци – биле токму Мизи – Македонци попрецизно со името на Плинин – Мизо-Македонија. Олимпијците и Елеспентијците се исто така Мизи. Јасно и неоспорно е дека Mysi, Mаesi, Mυίσοι, не се ништо друго освен обичното име на Тракиските племиња, кои живееле, првично, во Азија, потоа, за време на инвазијата на грчките колонии и по заробувањето на Троја, се преселиле во Европа, каде Грците продолжиле да ги нарекуваат со истото име Мизи.

Ви приведувам уште дополнителни докази во кои најдобрите од географите на античка Мира не знаеле како да го одделат своите Мизи од другите Тракијци и да им додели, за нив, земјата која им припаѓа исклучиво на нив. „Невозможно е така да се одделат Мизите од Брегите и да се воспостави граница помеѓу Лидејците и Меоните; сите овие племиња се еден народ. (Strab. XII, 7). Слично на тоа, невозможно е да се нацрта линија што би ги издвоила меѓу владението на Витинците, Мизите, Брегите, Дољаните, Тројаните и Мигдонците, затоа што сите тие се варвари – Тракијци (Strab. XII, 3). – Katakekaumena (вулканската земја) е населена со Мизи и Лидијци, а и припаѓа на Брегија (Страб. XII, 7).

Во близина на планината Олимп Мизијски живеат заедно и неразделно Мизите, Брегите, Витините, Мигдоните и Дољаните. (Strab XII, 7). На сртот на планините Messogos  живеат заедно Брегите, Мизите, Лидите и Карите. Овие четири племиња, исто така, колективно живеат по целиот тек на Меандра и сите негови планински и речни долини (Страб. XIII, 4). “Конечно, Страбон решително и јасно одбива да ги додели сите граници, дури и најмалото раздвојување на сите овие племиња, едни на други , (XII, 7) и вели дека Брегите, Мизите, Лидите, Карите, Дољаните и други се толку мешани што не постои начин да им се доделат посебни области, затоа што сите живеат заедно (Страб. XII, 3). Значи дека Брегите било вообичаено име на сите жители на планинска Азија; Лидијците, Караите, Мигдоните, Витините и други биле племиња на истите планинари – горштаци ; но
Дољаните, исто така и Брегите, се спуштија од планините и се населија во долините, по бреговите на Пропонтис.

Во следниот текст со чиста прегледност и јасност ќе објаснам дека Брегите, Бригите, Бергманите се всушност предците на нашите Брсјаци, Бржаните, Брдјаните.

Грците ги нарекуваа различно, во Азија, исто така, и Пелазго-Тракиските племиња, за кои зборувавме погоре. Зборот: Mysi, Moesi, Maesi,, стапило во употреба кај Грците пред Тројанската војна. Аполониј Дољаните, Бобричите и, генерално, сите Траки кои живеат на бреговите на Пропонтида, кога ги посетуваат Аргонаутите, имено Кијаните, жителите на Libisa (Љубиша) и целото население на Воспорска Тракија, се нарекуваат Мизијци. Мизите веќе биле при заштита на Троја, меѓу трупите на Приам (Илијада. II, 858), но какво Тракиско племе Омир означил со овој збор, не знаеме. Скилакс го нарекува Мизите, во Азија, истите жители на брегот на Пропонтитис, за што зборувавме погоре. Страбон сведочи и за племињата на Бобричите, Бркутите, Тевкровите, Аблитите, Мисо-Тмоличеите, Лидите, Orchaorici и, заедно со ова, ги вбројува во Брегите. Тој го нарекува Мизијци: Витјаните, Мигдоните; и додава дека Карите и Лелегите биле Пелазги и браќа и сестри на Мизите. Плиниј и Пом. Мела, Тројанци, Брегите, Дарданците, Поличните, Пеонците, Олимпијците, Елепспонтите, па дури и Macedones Askulakes, сите се Мизијци.

Според Херодот, Мизите живееле во Лидија. Веднаш по окупирањето на Троја, Пелазгите кои живееле во Кари се поделија на два варвари. Македонија, Дарданија, Мизија, Илирија, Епир биле тогаш делови на оваа Омирова (Хомерова) Тракија. Самата Елада, цела Грција, Мореја биле некогаш земји на Пелазго-Тракијците. Во Атика, па дури и во Атина, живееле Тракијци однсоно Рашани – Русјани. Морето и сите острови околу него биле населени од Пелазго-Тракиските племиња во пред-историско време. Преселбата на Брегите, од Азија, веќе е сведок на историјата.  И по преселувањето на Пелазго-Тракиските племиња во Европа, Грците продолжија да ги нарекуваат Мизијците. Гетите или Дачаните, Трибалите, Дарданите, Серејци, Кривичите, (подоцна Болгарите), и сите племиња во Тракија, воопшто биле, според грчките извори, биле Мизијски племиња и биле наречени Мизијци и Лидијци, иначе Maeones и Бреги (Dion. Halykar)..Затоа, Пелазгите, Тракијците и Мизите се едно исто, во обемна смисла. Moesyni, Moesinekoi, кој исто така живеел по јужниот брег на Понт, во близина на Тиверијан, Chalybes и Галичан, помеѓу Котор и Керасос, – во суштината изгледа дека не се ништо повеќе од истите Mysi, Moesi, (со грчки крај во ιον, Μαεςιον), т.е. заедничко име со кое Грците ги разбраа скоро сите Тракиски племиња. Сè поверојатно е дека Плиниј укажува на Moesyni и на други места; на пример, во самиот Троада, во близина на Пергам (Плин. V, 33). Племето со исто име е многу познато во Европска Тракија;
таму се викале Midii, Maedi; а Mygd и Mid се исти. Мигдоните живееле во истата земја како Дољаните и се протегале до Мирлеја. Во каркот на Харков. тече реката Мерла и се влева во Днепар.

Адам Волинец

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment