Македонија

УАПСЕН МАЖ ОСОМНИЧЕН ЗА ЗАКАНИТЕ КОН ОБВИНИТЕЛОТ ЈОВЕСКИ

Foto

Во Битола е уапсено лицето, кое минатата недела му испрати заканувачко писмо на републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Станува збор за маж од Битола, но писмото го испратил од пошта во Прилеп.

Се претставил како дел од терористичка организација, со закани спрема Јовески дека ќе му го одземат животот доколку не се ослободат од гонење  двајцата новинари од ТВ АЛФА, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“- стоеше во писмото.

Обвинителот Јовески пак, изјави дека ниту една закана  вклучувајќи ја и оваа, по живот, нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите. Писмото, на англиски и македонски јазик, беше пратено до МВР.

Инаку постапката која се водеше за двајцата новинари е запрена во декември минатата година, бидејќи е утврдено дека нема место за гонење од страна на Јавен обвинител.

Во моментов лицето кое му се закануваше на Јовески е во полициска станица, а потоа Обвинителството треба да одлучи како ќе постапува.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!