Регион

Хрватскиот премиер пресече: Вакцинацијата ,,Нема теоретски шанси да биде задолжителна”

НЕМА теоретски шанси вакцинацијата да биде задолжителна, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

 

Тој рече дека хрватска е туристичка земја и дека гостите можат да бидат сигурни дека нема да се заразат тука, па затоа вакцинацијата е важна, објави хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“.

– По објавата во Владата е забележано зголемување на бројот на вакцинирани со првата доза, а разговорите што ги водиме со нашите социјални партнери ќе продолжат оваа недела. Кога ќе има поголем степен на согласност, ќе ви кажам како напредуваме – рече тој, коментирајќи ги условувачките мерките за поддршка на ковид потврдите.

Новинарите го прашаа Пленковиќ дали тој сегмент го вклучува и јавниот сектор и го спомнаа случајот со Министерството за здравство, каде што беа вакцинирани помалку од 35% од вработените.

– Мислам дека тие собраа податоци од сите оддели. Постојат оддели каде состојбата е подобра. Што се однесува до оваа тема, тука е прашањето за мерките за поддршка и динамизирање на процесот на вакцинација, ова се две различни работи.

Пленковиќ даде изјава за медиумите во попладневните часови по одржувањето на заедничката седница на Претседателството и Националниот совет на ХДЗ.

Тој рече дека ги анализирале сите клучни настани во изминатата недела, како што се посетата на шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан и одобрувањето на хрватскиот национален план.

Пленковиќ исто така изјави дека разговарале за меѓународни активности како што се активностите на Трите мориња и форумот во Дубровник.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!