Тенис

Хрватскиот стручњак, Никола Пилиќ: Нека им е срам! Го третираат Новак како криминалец!

– Не сум изненаден од укинувањето на австралиската виза за Новак Ѓоковиќ бидејќи политичарите решија да добијат некои политички поени преку Новак, изјави за Танјуг легендарниот тенисер и тениски тренер Никола Пилиќ.

– Одлуката за укинување на визата, која беше донесена денеска, можеше да биде донесена во средата. Судијата секако е во контакт со австралиските власти, рече тој.

Пилиќ смета дека властите во Австралија со вакви потези се обидуваат да го омаловажат Ѓоковиќ.

-Можеа да му кажат на Новак дека не може да игра и да не доаѓа, а не дека директорот на турнирот и лекарите му дале зелено светло, а кога пристигнал да го третираат како криминалец. Новак не го заслужи тоа и нека се срамат, заклучи Никола.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!