Свет

ЦИА и БНД шпионирале многу земји во светот

 

Германското разузнавање (БНД) и американската ЦИА со децении шпионираат стотици земји, вклучувајќи ја и Австрија, пренесуваат австриските медиуми.

Со помош на швајцарска фирма за технологија за криптирање, тие успеаја на државите да им  продадат манипулирана технологија и така да  ја прислушуваат наводно безбедната комуникација.

Германската телевизија ЗДФ, со помош на американските и швајцарските медиуми, доби увид во претходно необјавените документи што ги опфаќаат операциите на БНД и ЦИА од 1970 до 1993 година.

„Можеше да се следат дипломатските и воените комуникации на многу земји од Третиот свет, како и на европските земји“, се вели во документацијата, а операцијата „Рубикон“ се смета за една од најуспешните разузнавачки потфати во повоениот период.

БНД и ЦИА се сопственици на швајцарската компанија „Крипто АГ“ од 1970 година, која произведува техника за наводно безбедна комуникација, а клиентите не биле свесни дека двете разузнавачки агенции манипулирале со производот што го продавала компанијата.

Најголем корисник на манипулираната технологија за шифрирање на комуникациите беа Саудиска Арабија и Иран.

Со децении, БНД и ЦИА беа во можност да ги „прислушкуваат“  комуникациите на иранското раководство дури и за време на заложничката криза од 1979 година во американската амбасада во Техеран.

Документите покажуваат дека БНД и ЦИА навреме биле информирани за соборувањето на поранешниот чилеански претседател Салвадор Аљенде, како и за кршењето на човековите права од страна на воената власт во Аргентина.

Проследувањето на комуникациите на аргентинската морнарица и помогна на Велика Британија во 1982 година брзо да победи во војната за Фолкландските острови.

БНД не сакаше да коментира за истрагата на ЗДФ за новите откритија, а поранешниот министер за разузнавање Бернд Шмидбауер ја потврди оваа разузнавачка операција.

Операцијата „Рубикон“ сигурно придонесе да се направи светот побезбеден “, рече тој.

Loading...

Related posts

Leave a Comment