Европа

Швајцарските власти до граѓаните: Купете свеќи и одревни дрва

 

Граѓаните на Швајцарија треба да размислат да имаат свеќи во куќата во случај на неколкучасовен прекин на струја.Ова го изјави шефот на енергетскиот регулатор (Елком) Вернер Лугинбил за „Noe Züricher Zeitung“ (NZZ).

Во Швајцарија уште од есента се подготвуваат за хаос со струја, па на граѓаните им велат дека во зима мора да очекуваат, во најлош случај, прекин на струјата.

„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва нека има доволно дрва“, рече тој.

Тој посочи дека политиката на предупредување на „Елком“ не се сфаќала сериозно во изминатите години.

Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите, како и осветлени реклами.

Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки.

Related posts

Leave a Comment