Актуелно

Муареми поднесе кривична пријава против Рускоска

Продолжува битката меѓу Муареми и Русковска. Управата за финансика полиција денеска поднесе кривични пријави против обвинителките кои правеа претрес во институцијата.

Кривична добија шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, како и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Тие се пријавени за злоупотреба на фунцијата, фалсификување и соизвршителство. Кривичната пријава е поднесена во скопското обвинителство.

„Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е сè што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка.“- Управа за финансиска полиција

Обвинителките не ја коментираат кривичната пријава против нив.

„Секој има законско право да поднесе кривична пријава.“- Вилма Русковска, обвинител на ОЈО ГОКК

Кривичната пријава е поднесена до скопското обвинителство. Од Обвинителството велат дека пријавата ќе ја распределат кај обвинител.

„Обвинителството не е во можност да споделува детали од поднесената кривична пријава, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката.“- Јавно обвинителство

Кривичните пријави на Финансиската полиција следат откако републичкото обвинителството констатираше неправилнсоти при претресот на Обвинителството на Русковска пред три недели во инситутцијата. Главниот обвинител Љубомир Јовески откако утврди неправилности при прересот во Финасова, случајот на ревизија и го препрати на Русковска за да провери како постапувале нејзините обвинители, по што се очекува конечниот епилог.

Истражители во финасовата полиција влегоа пред три недели постапувајки по пријава на група грагаѓни, како што извести Русковска. А, по проверките Јавното обвинителство тогаш соопшти дека Организиран криминал воопшто немале докази за стореното кривично дело за кое се вршеше претрес во Финансиска, А анонимната кривична пријава не била основ за барање на претрес. За експертите конфликтот меѓу Рускоска и Муареми зборува за лошите состојби во правосудството.

 

Related posts

Leave a Comment