Свет

Шпанскиот суд одреди притвор за седум каталонски активисти

 

Шпанскиот суд оодреди притвор за седум приврзаници на независноста на Каталонија и отвори истрага за наводни планови за извршување  терористички акции со експлозивни средства.

Истражен судија открил знаци дека активистите уапсени оваа недела, можеби се да  дел од сепаратистичката организација која, наводно, имала намера да ги употреби „сите средства, вклучително и насилни“, за воспоставување независна република во шпанскиот регион Каталонија, соопшти судот.

Во изјавата се вели дека кауција за седумте активисти не била прифатена, а деталите за истрагата ќе останат тајна.

Веста за налогот за притвор доведе до напнати сцени во каталонскиот парламент во Барселона, каде сепаратистичките пратеници, вклучувајќи го и претседателот на Каталонија, ја прекинаа дебатата извикувајќи „Слобода“. Некои пратеници ја напуштија седницата на парламентот, несогласувајќи се со одлуката на судот.

Граѓаните беа повикани веднаш да протестираат низ целата Каталонија во текот на вечерта.

Застапниците на независноста на Каталонија велат дека шпанската истрага за активистите е обид за криминализирање на нивното движење, кое тие го опишуваат како мирно и посочуваат дека апсењата се случиле пред пресудата на Врховниот суд во судењето на 12 каталонски политичари и активисти на судење за активностите за независност на Каталонија од 2017 година. 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!