Македонија

Љубомир Цуцуловски : После вчерашната ратификација за влез во НАТО паднаа сите лаги и илузии

ПАДНАА СИТЕ ЛАГИ И ИЛУЗИИ

После вчерашната ратификација за влез во НАТО, паднаа сите лаги, блебетања и илузии. Ако некои и веруваа дека постои партиска конфронтација, поврзана со дилемата Република Северна Македонија или не, после вчерашната седница таа отпаѓа. Фактот дека сите парламентарни партии, без исклучок, се согласија Македонија да влезе во НАТО под името Република Северна Македонија јасно говори за нивниот вистински став, бидејќи вербалното изјаснување, односно изговорената реч (демек, ние сме против промена на името) не може да биде поубедлива од практичното изјаснува – сепак да се влезе под името Република Северна Македонија. Убедувањата дека отпосле, после влезот во НАТО, ќе се барало враќање на уставното име Република Македонија е исто што и циничната забелешка дека врбата ќе роди грозје. На тој начин, секој го кажа својот вистински, практичен став, кој е многу поснажен од кој било изговорен/ветен збор.

Љубомир Цуцуловски

Loading...

Related posts

Leave a Comment