Властите, како и многу невладини организации, констатираат дека бројот на деца питачи е голем. Ако сакаат да ја снема оваа појава, тогаш нека ги вработат нивните родители, бидејќи прашањето на детското питачење, како и на питачењето воопшто, не е прашање за свеста на децата и на нивните родители. Проблемот е во немањето работа, во немаштијата и бедата. Тоа треба да го знаат и невладините организации, кои наместо предавања и курсеви по т.н. работилнци и хотели, треба да работат конкретно и без хонорари. Гладниот, празниот стомак е празен стомак и не знае за друго, освен дека треба да се наполни. Казните и прогоните на питачите најмалку помагаат. Тие само одмагаат и жигосуваат. Дајте му на човека достоинствено да живее (работа) и тој така ќе живее, бидејќи ниту еден човек не е роден да питачи и да не работи.