Македонија

Најава за Дистописка држава: Филпче најавува забрана за влез во затворени простории на сите невакцинирани!

Филипче: Размислуваме за присуство на настани на затворено само со  вакцинален сертификат

Можни се мерки понатаму во делот на влез во затворени простории, односно да се бара потврда за вакцинација. Тоа би биле мерки за невакцинираните. Зошто да ги ставаме сите во ризик? Вирусот и понатаму ќе биде присутен и многу е веројатно дека ќе дојде и следна мутација“, рече Филипче за вестите на Канал 5.

Министерот за здравство Венко Филипче, очигледно не е свесен какви последици може да предизвикаат ваквите негови ,,непромислени” изјави. Да забрануваш некому влез во затворени простории е не само кршење на основните човекови права, туку и директна сегрегација на огромен дел од популацијата и нејзино фрлање на маргините од општеството.

Што според него значи забрана за влез во затворени простории?

Дали тоа подразбира забрана за работа на сите граѓани кои работат во фабрики, јавни институции, продавници, училишта?

Дали подразбира забрана за одење на училиште, факултет, банки, пошти, базени, фитнес комплекси и што е најтрагично забрана за влез во амбуланти, болници и други здравствени установи?

Дали совеста на Филипче знае дека тој повикува на своевиден геноцид на стотици илјади луѓе?

Ако не можете да одите на работа, тоа значи дека останувате без леб за себе и своето семејство, неможноста за користење на здравствената заштита е ризик по животот не само за хронично болните кои имаат потреба од секојдневна терапија(инсулин, дијализа), туку и за релативно здравото население кое е подложно на здравствени ризици од итен случај(инфаркт, мозочни удари). Дали жртвите од собраќајни несреќи кои не се вакцинирани ќе бидат оставени да умрат?

Да заклучиме, ако ти како представник на владата правиш поделена држава на подобни и неподобни, им ги ускратуваш основните човекови права на едната половина од населението, тогаш немој ниту ти ниту владата која ја преставуваш да очекувате дека стигматизираната популација ќе ги плаќа сметките, даноците, ратите за кредити, здравственото и пензиско осигурување. Ќе се соочите со граѓанска непослушност и отпор кој ќе ви ги поткопа темелите на вашата ново проектирана фашистичка држава. Заборавете на престојниот попис, избори и сите други активности кои ги најавувате и припремете се за револуција која ,,робовите” кои не сакаат да прифатат таков статус за себе, ќе ви ја испорачаат како инстиктивен одбранбен механизам за соптвениот физички опстанок и опстанокот на нивните семејства. Се гледаме на барикадите!

Related posts

Leave a Comment