Свет

Британците кажуваат збогум на ковид сертификатите

Од следната недела граѓаните во Англија повеќе нема да бидат обврзани да носат маски или да работат од дома, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

 

Борис Џонсон најави крај на сите мерки за ковид воведени за борба против варијантата омикрон од следната недела, вклучително и задолжително носење маски во јавниот превоз и продавниците, работа од дома и сертификати за вакцини.

Џонсон пред Парламентот рече дека владата ќе дефинира долгорочна стратегија за живеење со корона вирусот и порача дека граѓаните треба да бидат внимателни во последните недели од зимата, бидејќи пандемијата сè уште не е завршена, пренесува Би-би-си.

Тој исто така рече дека сојот омикрон „не е лесна болест за секого, особено не за оние кои не биле вакцинирани“.

Тој најави и укинување на правилата за задолжително носење маски за средношколците во училниците, јавниот превоз и продавниците.

Како што се наведува, останува во сила одредбата дека маските ќе бидат задолжителни за влез на одредени места.

Би-Би-Си наведува дека т.н Планот Б, кој стапува на сила на 27 јануари, содржи и одредба дека на компаниите повеќе нема да им требаат пропусници за ковид.

Ќе се ублажат и рестриктивните мерки за домовите за стари лица, а деталите ќе бидат објавени подоцна.

Останува обврската секој кој е позитивен на корона вирусот да оди во самоизолација.

Related posts

Leave a Comment