ЗдравјеСветТенис

Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанија за да развие третмани против ковид

 

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ поседува 80 отсто од данската компанија за развој на третмани за коронавирус.

Ројтерс јавува дека станува збор за биотехнолошка компанија „QuantumBioRes“, а  тоа за овој медиум  го потврдил и извршниот директор на оваа компанија.

Забележано е дека 11 истражувачи на компанијата кои работат во Словенија, Данска и Австралија работат на третман, а не на вакцини. Во тек е работа за спречување на инфекции на човечки клетки, а клиничките испитувања се очекуваат во текот на летото во Велика Британија.

Ројтерс пишува и дека вложената сума останала непозната, а инвестицијата сега е обелоденета, иако била реализирана уште порано.

Ѓоковиќ претходните денови беше нападнат од австралиската јавност затоа што не бил вакциниран против коронавирусот, туку се обидел да влезе во земјата со документи за медицинско ослободување.

Поради тоа му е укината визата, па беше депортиран од Мелбурн и не може да ја одбрани титулата на Австралија опен.

Набргу потоа беше објавена информација дека тој ќе биде посериозен во развоотј на третмани против ковид во наредниот период.

Досега најраспространета форма на одбрана од овој вирус беше вакцинацијата, на која инсистираат се повеќе земји и се повеќе организатори на турнирите.

Оваа недела вакцината стана задолжителна и во Франција, што значи дека за да се натпреваруваат во таа земја ќе треба играчите да се вакцинираат.

Тоа во пракса значи дека Новак доколку не најде друго решение, нема да може да ја одбрани титулата на Ролан Гарос, доколку не ја прими вакцината.

 

Related posts

Leave a Comment