Претседателот на партијата Интегра,Љупчо Ристовски,за Macedonia Newspaper даде изјава во која го покажа своето вистинско лице.Човекот кој глуми патриот и наводно се спротиставува на преспанскиот договор вели дека со помош на Америка,Францускиот амбасадор и организацијата Конрад Аденауер ќе организирал задолжителен реферндум за тоа дали името северна Македонија треба да се користи за внатрешна употреба.Со самото тоа тој го легитимира името северна за меѓународна употреба а внимавајте,тој вели дека доколку над еден милион македонци излезат и гласаат против ,тогаш, придавката северна би се поништила за внатрешна употреба.Тој со тоа подметнува кукавичко јајце бидејќи еден милион граѓани е бројка која е повеќе од нереална и во услови на прочистен избирачки список и под услов таков референдум да биде совршено организиран.Да бараш подршка за таков обврзувачки референдум од истите надворешни фактори (САД,Франција и Германија) кои буквално на сила ни го наметнаа преспанскиот договор е поразителен факт и за секој слободомислечки Македонец е само уште една потврда за каков човек се работи во случајот на Љупчо Ристовски.Најтрагично од се е што овој човек кој очигледно располага со големи финансиски средства со сомнително потекло,ги користи за одење на секаде по светот да ги замајува нашите браќа и сестри од дијаспората и да внесува забуна кај нив истовремено нанесувајќи штета на вистинските македонски патриотски здруженија и организации.Во дел од интервјуто тој експлицитно признава дека САД го интересира само вклучувањето на Македонија во НАТО и дека нив буквално не ги засега тоа што Македонците го губат својот идентитет и историја.Ако и после овие неоспорни факти било кој Македонец или здружение од Македонија или дијаспората продолжи да соработува со Ристовски и неговата партија Интегра,тогаш сите тие ќе бидат означени како предавници и по ништо нема да се разликуваат од Зоран Заев и неговата хунта која работи на изчезнување на Македонија и Македонскиот народ.
1 comment
Зоран Македонец Курљан БОJКОТ на повторното ,, вшишување ,, на Македонците. Името е Република Македниjа , тоа не е тема за дискусиjа и трговија. Ако пасторот Ристовски има желба да се опроба во ,, референдумската ,, фела , може да им го предложи следново сценарио на неговите патрони- американските глобалисти : – Дали името на Аљаска е Московска Тартариjа или Монголска Тартариjа? И дали би сакале граѓаните на истата да се вратат во Голема Тартариjа , но сега под името Руска федерациjа? Референдум нека се спроведе во Калифорниjа и Ново Мексико , со исти прашања. А за ,, Интегра ,, е важно да знаат : Македониjа ќе се , интегрира, само со Беломорска и Пиринска Макекедониjа под името Македониjа , Дал Бог!