Свет

Грчката православна црква ги затвори црквите за невакцинираните

Грчката православна црква побара од своите верници да присуствуваат на богослужбите со потврда за вакцинација или негативен тест за корона вирусот, бидејќи во таа земја се регистрирани рекордни 6.808 нови случаи на зараза.

Светиот синод на Грчката православна црква ја испрати таа препорака до сите парохии во земјата, но не е наведено дали нејзиното спроведување е задолжително, пренесува АП.

Во Грција, верските служби беа откажани на неколку месеци минатата година поради пандемијата, но владата одби да воведе задолжителни вакцини или тестирања за влез во црквите.

Властите на црквата бараат од верниците да ги следат упатствата на лекарите, а во средата, епископот на островот Лезбос потпиша наредба за суспендирање на невакцинираните свештеници.

Related posts

Leave a Comment