Колумни

Лидија Ѓорѓевиќ: Не дај се (опустити), Данела

Уште необјавени резултатите, слушам огномет у центаров(да не бидам погрешно сфатена😁, во Центар на Скопје живеам).Слушам и сирени, тоа коли летаат ѓоа Интегра победила🛸.

Нејсе, реков пред и да започне кампањата дека госпожава ќе победи. Не сум јас никаква Ванѓа ниту пак Иван Исцелител.С’е е наместено овие претходниве да си довршат агендата, а другиве као демек спасители да дојдат.И така народот од Мурто си го избра Курто.Убоо ни е да не јебат, па тоа ти е!(Пардон мај френч)
И реков: Жена ќе биде и би.Е сеа Да -не- ли биде после не сме кажале скопјанко(уште не ми е јасно што тоа значи, чисто да знаеш дека и Мирко е хард кор скопјанец, а и претходникот ти твој кого баш го заболе за своето Скопје)
Прво! Не ми мафтај со проекти као летечки чинии и лажици, фати се за метла! Исчисти ни го воздухот и урбаната мафија!
Второ, реши ја таа атмосферска канализација веќе еднаш, а не секогаш после пет минути дожд цело Скопје да плива во говна.
Поправи с’е што Коце (најдобриот градоначалник до сега на кого можеш да се огледаш направи, а после него с’е се урниса.
Улиците на времето и јас кога бев дете, ти врска немаш, со црево се чистеа.Да да, со црево и детергент.Епа сега има модерни машини, јас врска немам ама ти би требала да знаеш и домаќинка си ваљда, земи зачисти.
А да! Тука ми текна дека ти си ни сервис нам, а не ние тебе, така да твојата надменост и его фрли си ги у ѓубре!Само ќе не замараш ко шилеџето, а никој не го есапеше.Едноставно те избрале да ни бидеш слуга ферштен? Рече дека си христијанска нели Данели? Ако си, ме сфаќаш? Христос им ги миел нозете на своите ученици, а пак ти не си ни маково зрно во споредба со Бога како и никој од нас.Ама ете, ќе ни миеш с’ е: и воздух и улици, и ќе средуваш.И ќе бидеш достапна за секој еден кој ќе те замоли за решавање на проблем од твојата сфера.
Живо ме интересира дали ветуваш дека ќе го доправиш проектот”Скопје 2014″ или уште ќе се веат гадни најлони и руини низ центарот ни?Скопје никогаш не бил туристички град.Но! После овој проект доби повеќе туристи од Охрид на годишно ниво . Сега, кај не е доправено сето тоа што требаше да се доправи, па и е руинирано, искршено и во мрак.Светеше целиот плоштад пред нив.
Патишта,зеленило, раскрсници…се веќе нормална тековна ствар.

Ах, да! Една од најбитните работи кои ги имаше твојот противкандидат од Родина: Ќе имаме ли ние право на избор или ќе ти бидеме робови? За маски и вакцини прашувам.Ќе можат ли здрави луѓе да се движат каде сакаат,или ќе бидат ко евреи у втора свеЦка? Мислам, во крајна линија имавте кластер денес митинг нели.Или баш за момент тогаш короната исчезна?Па прашањето ми е дали ќе направиш с’е што е во твоја можност тоа да се врати во нормала?

Има уште многу да се зборува за стааарите проблеми на Скопје, но мора да ја споменам и партијата која те поддржа.
Ај уживај малку денес на тронот, од утре ќе треба да засукаш ракавчињата.

Пресвртот е очигледен.Па ве прашувам вас дпновци дали кога ќе се устоличите, а очигледно тоа скоро ќе биде:
– Дали ќе прогласите с’ е после 27- ми Април за ништовно?
– Дали ќе ги ослободите луѓено кои мистериозно се најдоа во затвор за ич ништо?
– Дали сите учесници во велепредавствата ќе одат у чорка?( како најблага опција)

Поздрав од постара скопјанка од тебе. Од Буњаковец.Живеам во истата куќа кадешто татко ми е роден.Од моите младешки денови- најстрогиот Епицентар на Скопје!
И уште еднаш:
ИМЕТО ДА ГО ВРАТИТЕ!!!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!

Лидија Ѓорѓевиќ

Нема достапен опис

Related posts

Leave a Comment