Свет

Половина година од војната во Украина, цивилите го напуштаат Киев во страв од руски напад

Украина, Донецк, Мариупол

 

КИЕВ, МОСКВА, ВАШИНГТОН – Војна во Украина – 182 ден. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските сили би можеле да ги засилат нападите додека Киев го одбележува Денот на независноста на Украина. Многу цивили го напуштаат Киев во страв од руски напад. Стотици луѓе се собраа во вторник во Москва за да се простат од руската новинарка Дарја Дугина, ќерката на влијателниот руски филозоф Александар Дугин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските сили би можеле да ги интензивираат нападите врз Украина во вторник и среда, кога Киев го слави Денот на независноста.Зеленски вети дека ќе ја врати украинската власт над Крим, потег што тој вели дека ќе помогне во обновувањето на „светскиот поредок и законот“.

Многу цивили го напуштаат Киев во страв од руски напад на Денот на независноста на Украина.

Американската амбасада во Киев ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина, велејќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови.

Стотици луѓе се собраа во Москва за да се простат од руската новинарка Дарија Дугина, ќерка на влијателниот руски филозоф Александар Дугин, која загина во експлозија на автомобил-бомба.

Руските истражители не ја исклучуваат можноста дека во убиството на Дугина биле вмешани и други лица, покрај Украинката Наталија Вовк, по која Истражниот комитет има намера да распише потерница.

Министерството за земјоделство на Украина соопшти дека вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштиле таа земја според договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на ОН и Турција ги деблокира украинските поморски пристаништа.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се соочува со тешка зима и потсети на ветувањето на Алијансата дека ќе му даде долгорочна поддршка на Киев.

Related posts

Leave a Comment