Самитот на Владимир Путин и Џо Бајден во Женева за кратко остана во сенка на внуката на Осама бин Ладен , која вчера создаде хаос на Женевското езеро.
Нур Бин Ладен, внуката на поранешниот водач на Ал Каеда, беше снимена на Женевското езеро во средата, како стои во чамец и држи транспарент на кој пишува: „Трамп победи“.
Снимките и фотографиите од протестот против самитот покажуваат дека покрај на Нур беше уште еден чамец во кој луѓето држеа слични пароли.
Today in WTF: Noor bin Laden, Osama bin Laden's niece, protests the Biden-Putin summit in Geneva with a "Trump Won" flag. pic.twitter.com/pwVW0rsh8A
— The Recount (@therecount) June 16, 2021
Нур на социјалните мрежи изјави дека швајцарската полиција се заканила дека „ќе ја уапси поради нејзините политички убедувања“.
Таа вели дека биле испратени два полициски и еден воен чамец да ја отстранат од водата.
Нур Бин Ладен е позната како обожавателка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и одби да ја прифати победата на Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.