Колумни

Колумна Сашо Панговски : „ОПОЖМИЦИЈА“

Не знам кој точно го смисли изразот опоЖмиција но од кога го налетав на него на социјалните мрежи, радо го користам наместо да трошам букви на вмро дпмне ( секако без буквата „м“ ). Ако се прашувате што значи, и тука ќе морам да импровизирам и да кажам дека по мое, тоа е опозиција која едноставно не сака да дојде на власт, и за да го одложи тој чин се однесува млако, безидејно, користи излитени термини и готови пароли зготвени во странски кујни, без реална теренска активност, чекајќи „виша сила“да ги инсталира на власт. И тоа е всушност и проблемот. Актуелните политичари на македонското политичко небо всушност повеќе и не очекуваат да ги избере народот. Имаме два кловна, Заев и Мицкоски кои како паљачовци шетаат од амбасада до амбасада и изигруваат глупи августи пред амбасадорите, просто да помислиш дека на следните избори ќе победи оној кој собере повеќе амбасадорски гласови. А која е ситуацијата на терен? 

Народот е во лимбо. Лебди во некој меѓупростор додека партиските глувци си бројат денови до избори и „сигурни“ гласови – убедени дека тие се следните победници. Народот повторно ги преживува репризните флешови од минатите избори кои беа пред само 5 месеци. Заев, кој епски потфрли во секој сегмент во кој можеше да потфрли, омиленото дете на меЏународната, шета наоколу и се однесува како она што навистина е, провинцијалски опинок на кој единствена политичка валута му е немањето р’бет ниту образ. Ова пиљарче кое очајно сака да влезе во историјата од сите можни погрешни причини, шета по Македонија покажувајќи „лабуди“ и сопствената некултура која во комбинација со скромниот вокабулар и не му дозволува многу широк маневарски простор. Но неговата зомби лоботомска армија го сака токму таков, банален и прост, и како секта го оправдува секој негов простотилак и секоја глупост. Тука помош нема. Тие ликови кои во ова лето Господово 2019-то, сеуште се Заевисти – тие ќе си умрат такви. И ќе оправдуваат и Северна, и враќање рамен данок, ќе земаат дупла доза Скопски смог а ако треба за репете ќе ги стават своите полтронски усти и на некој ауспух за да докажат дека и емисијата на гасови од нивниот автомобил не може да ги повреди колку што може да ги повреди паѓањето од власт. За овие зомби глупаци не треба повеќе да се троши ниту збор ниту акција, кај нив сликата е јасна. 

Но кога мислите дека ситуацијата е кристално јасна, доаѓа мајндфакот, или по нашки дупењето во здрав мозок. Во нормална држава ние денес би броеле денови до падот на Заев и бандата и би имале опозиција која ќе го измете од политичкиот живот и колективната меморија ЗАСЕКОГАШ, како да не се случил. За жал, ние во моментов имаме опоЖмиција. На сите срања, лапсуси, простотилаци, киксови, предавства, неправди, кршење на устав и закони, ние имаме опоЖмиција која му седи на тој и таков Заев, и ова и овакво сдс во парламент. Имате протест на земјоделци ( оние за кои многу зборува Мицкоски ) во Скопје, а лидерот на опоЖмицијата е истиот ден во Штип. Што бара таму? Зборува за цените на земјоделските производи! Па не сум PR експерт, ама 

ако пола кампања ти се базира на цени на капини и малини, логично ми е ТИ Мицкоски да си на чело на колоната. Ама не си. Затоа што ова не е политичка борба туку политичка претстава. Зошто Мицкоски не беше на протестот на земјоделците? Затоа што не смее. Оние кој му ветуваат власт не му дозволуваат да биде таму. Зошто ќе прашате, зошто не му дозволуваат ако тој е нивниот следен избор за премиер на Северна? Зар за џабе лиже човекот амбасадорски газови во очекување на датумО за „предвремени“ избори? Едноставниот одговор е да, џабе му е, но зошто е тоа така кога на Заев многу му се исплатеше истото лижење пред 3-4 години. Одговорот лежи во политичката математика. 

МеЏународната со Заев на власт и Мицкоски во опозиција има идеална ситуација. Заев, со сите свои маани, глуп каков што е, без образ и чест и без црвена линија за тоа што може да испорача, има околу 250.000 гласови во џеб. Таа цифра многу лесно се победува ако на спротивната страна имате реална опозиција наместо актуелнава опоЖмиција, и дотука е се јасно. Но тука настапува математиката која ДаскалО не ја разбира. Во обид да им се додвори што повеќе на амбасадорите и меЏународните, кристално јасна стана сликата дека во обид „да си го мери“ со Заев во сервилноста, Мицкоски прифатил СЕ што прифатил и Заев. И преспански, и бугарски, и тиранска, потполно и од срце прифатил СЕ. И тука сега доаѓа математиката на меЏународната. Си ставаат прст на чело и си сметаат. Што би добиле тие ако го стават Мицкоски на власт наместо Заев? Двајцата ги прифаќаат штетните договори и двајцата играат како попчиња по нотите што им се дадени. Се сведува на натпревар за убавина, ајде да го ставиме другиов затоа што од првиот сме заситени, курсот останува ист. Но тука е заеБот. Во моментов нашите меЏународни пријатели имаат идеална ситуација и ќе сторат СЕ за да ја задржат истата. Имено, само кај нас во Македонија, имаат и власт и опозиција со потполно исти ставови и агенда и опозиција која е подготвена мирно и умно да чека за да дојде на власт беспоговорно исполнувајќи се што ќе и се каже. Автобусите врват, луѓе одат на работа, се собира данок, опозицијата е во собраниските клупи, и се е редовно, „животот“ си тече. Но ако Заев и Мицкоски ги сменат местата, е тогаш веќе ништо нема да биде исто. Тогаш настанува нова ситуација, лудакот Заев на улица. Што тогаш? Ако на Мицкоски можат да му наредат да не излага на улица, Мицкоски нема ни да писне, ќе си седи во Белата куќа и ќе си прави прес конференции на секој час ако треба, но нема на никој начин да го наруши комодитетот на власта. Нема да излага на улица, нема да блокира регионални патишта, нема да бара враќање на името. Ќе биде послушно и исполнително учениче. Но Заев во опозиција, е тоа е друга математика. Кој и гарантира на меЏународната дека Заев во опозиција, со реална и присутна закана кон неговиот луксуз, комоција па на крајот и живот, нема да излезе на улица и да протестира ЗА поништување на преспанскиот договор? Никој не може да им го гарантира тоа. Пиљарот од Муртино, кога ќе биде неговиот задник во прашање е подготвен на СЕ! За разлика од ДаскалО…. Мицкоски можеше денес да биде на власт ако само застанеше цврсто со сопствениот народ и ги бојкотираше претседателските избори. Тоа ќе предизвикаше верижна реакција и институциите на мртвороденчето Северна ќе колабрираа, и денес тој веќе ќе беше на власт. Да го бараа со лупа, меЏународните не ќе можеада најдат попослушен лидер на опозиција. И сега зошто би го менувале тоа? За да биде опозиција 

лудакот Заев на кој премногу му се доверија, знае нивни тајни и нема проблем да дрдори јавно за сите матни дилови? Човек за кој знаат дека кога неговиот газ е во прашање е подготвен да стори СЕ? Тој да го стават за опозиција наместо послушниот даскал? Размислете уште еднаш. За креаториве на нашава беда Заев е идеалната власт а Мицкоски идеалната послушна опозиција која не бранува ниту на најголемите провокации. Мицкоски и неговите можете да ги уценувате, апсите, тепате, малтретирате и да бидете сигурни дека ниту ќе излезат на улица, ниту ќе предизвикаат било каков проблем. Зошто меЏународната би ја менувала оваа ситуација? Ниту постои шанса да најдат власт поисполнителна од Заев ниту опозиција попослушна од Мицкоски. Зошто би го расипувале идеалното. Во таа насока се и изјавите на Дорис Пак и Тимоние, дека Мицкоски прифатил СЕ, и дека кога евентуално би дошол на власт, ветил дека нема да чепка ништо што Заев инсталирал. Но она што Мицкоски го смета за своја предност, послушноста, има употребна вредност единствено во опоззиција, затоа што и власта во моментов е таква, послушна. МеЏународните знаат дека со промена на Заев со Мицкоски, ќе добијат исто послушна власт, но за опозицијата предводена од Црпнатиот опинок Заев знаат дека нема ни од блиску да биде послушна како Мицкоски. Затоа нема да го сменат Заев, затоа што знаат дека Мицкоски нема да писне за тоа. Единствен кој може да го смени Заев а меЏународната нема никаква контрола врз него е НАРОДОТ, сте ВИЕ. Затоа аналитичари, професори и експерти, не си го мачите умот со датум за избори, зошто тие ќе се одржат во моментот совршен за Заев да победи а послушниот Мицко да загуби. Дали ќе одложува Заев? Секако ДА. Зошто? Затоа што НИКОЈ нема да му приговори за тоа. Ќе го одслушаме пресот на опоЖмицијата и толку, утре е нов ден. Изборите ќе бидат кога и како што ќе сака Заев, затоа што наспроти него не стојат мажи кои можат тоа да го сменат, туку амбасадорски послушници кој немаат мадиња ниту газот да го одлепат од пратеничкото столче…. 

Народе мој, само ние можеме да му ставиме крај на овој кошмар, само ние можеме да направиме да запре, а потоа, меЏународната ќе МОРА да игра со нас, затоа што за прв пат ЌЕ НЕМА ДРУГ ИЗБОР !!! 

КРЕНИ ГЛАВА ГОРДО ВИСОКО МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ, УРА !

Сашо Панговски

https://dvizenjebojkotiram.org

Related posts

Leave a Comment