Колумни

ИГОР СИЛЈАНОСКИ : РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ПОВИДОК

Image result for игор силјаноски

РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ПОВИДОК

Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата
Македонците се борат за своите правдини.
Не плачи Македонијо мајко мила, крени глава гордо високо,
Старо младо машко и женско на нозе се кренало.
Од гроб станаа славните херои на Крушевската република,
Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…

Зборовите од македонската химна се наш патоказ за времето што
доаѓа. Новото сонце, правдата и гордоста на Македонците во
химната се испеани во сегашно време, единственото време во кое е
можно да го живееме својот сопствен живот и во кое можеме да ги
поставиме темелите на времето што доаѓа.

А минатото, тоа го носиме во своите сеќавања, во своите мисли,
песни, книги и преданија. Минатото е нашиот белег и мудрост, а
сегашноста е нашето поле на дејствување.

Сè што ни е потребно за да ги пребродиме овие темни времиња и да
ги надминеме искушенијата и стравот што ни го наметнуваат, е да
веруваме во исправноста на нашите идеи и да се бориме за своите
правдини, црпејќи инспирација од минатото и сила и храброст од
единството и сплотеноста во сегашноста.

Ако самите не се знаеме кои сме, тогаш треба да се спознаеме!
Ако не сме доволно единствени, треба да се соединиме! Ако нашата
татковина е нападната, треба да ја одбраниме!

Веднаш после декларацијата за независна македонска република во
1991 година се соочивме со измама која за жал ја прифативме
некритично. Го прифативме добро разработениот западен политички
систем на извитоперена демократија во кој се менуваат само две
политички партии на власт, навидум различни, а во суштина
потполно исти. Давајќи привид на демократија и промена на власт,
таа структурна измама ни ја одзеде можноста да ги контролираме
личностите на кои им дадовме за право да раководат со нашите
права здобиени со раѓање и скромниот имот, материјален и
природен. Наместо да работат за нас, нашите претставници веќе со
декади работат за себе си и странскиот фактор кој ги поставува
преку божемниот демократски плуралистички систем.

После потполната корупција на овој наметнат систем, која доведе
до разградување на правото во државата и раздробување на сите
напредни и родољубиви институции, станува сè појасно дека тој
систем мора да се менува од корен. Mакедонската држава треба да
се возобнови врз нови, овојпат македонски правила. Предуслов за
оваа суштинска реформа е отстранување не само на вечните политички
чинители и дивоизградените ненародни закони и спогодби кои нè
чинат прескапо, туку и на намножените негативни појави во нашето
општество.

Таа обнова мора да почне со формирање на нова македонска
организација, базирана на свесни, храбри и способни луѓе кои се
без предрасуди за својата улога и значење кон создавање на
поправедно македонско општество и вистинска македонска држава.

Многубројните кризи ни овозможија да ги разоткриеме носителите
на новата современа окупација на Македонија. Денес, нашите
противници ги знаеме како немакедонци кои се срамат да го
изговорат нашето име. Ги знаеме како предавници на својот род.
Ги знаеме како неморални, непринципиелни и ладнокрвни
распродавачи на сè што е македонско околу нас. Нив мораме да ги
одвоиме и за сè што згрешиле треба легално да ги казниме, а
потоа да ги запомнеме и да ги запишеме како такви со име и
презиме во книгата на срамот како потсетник за следните
генерации.

Денешните предавници на македонството се, без сомнеж,
политичките партии кои се претставуваат како ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и
сите придружни политички партии кои им полагаат лојалност и кои
ги уживаат привилегиите на поделбата на државниот имот и
државните финансиски средства условени од овие две партии. Тоа
се сите што раководат и работат во институциите како што се
судовите, претседателскиот дом, Македонската Академија на Науки
и Уметности, сите кои треба да работат за нас Македонците, а кои
ја прекршиле својата заклетва кон народот и неговиот, сега
насилно изменет и неиспочитуван устав. Сите тие имаат историска,
морална и материјална одговорност за нашата национална
трагедија.

Македонците мора да ги запомнат своите роднини, браќа, сестри,
соседи, колеги, учители, забари, доктори, адвокати и сите други
кои не ги почитуваат нашите заеднички македонски вредности,
нашето име и нашиот народ. Тие кои со својата понизност,
користољубие и предавничко поведение придонесуваат да бидеме
понижени, навредувани и избришани како народ. Што нив ќе ги
оправда и измие од овие гревови? Дали ќе се правдаат дека биле
излажани? Дали вистина веруваат дека имаме човечки права, но не
и право на фамилија и свој народ? Граѓанска држава и поредок без
македонскиот народ и неговото колективно национално право е
празна држава во која нема да има мир и напредок. Македонија е
нашето човечко право за кое секогаш се бореле нашите предци.

Кога некој во ваша близина ќе рече „северна”, тој не се почитува
нити себеси си, нити вас, нити пак вашето човечко право на
самоопределување. Со секој изустен збор „северна“ ги скрнават
мртвите тела на оние кои ги дадоа своите животи за Македонија, а
нивните мисли, зборови и дела станаа наш завет. Сите кои се
бореле храбро за Македонија го носеле македонското сонце во
своето срце. Нивните души се сеуште околу нас, нè пратат, нè
потсетуваат на нивните предвреме завршени животи, за Македонија
да може да живее вечно.

Македонците, доколку се исправат против овие неправди ќе ги
препознаат денешните дејци, носители на духот македонски, кој
не може повеќе да стои мирен пред неправдата.

Во Македонија почнаа да се раѓаат безбројни никулци на промените
што доаѓаат. Една од нив е и нашата Родина Македонија. Првиот
чекор на оваа организација е да го спознаеме времето во кое
живееме, да ја препознаеме борбата која не чека и да го шириме
духот на македонството насекаде околу нас.

Како и многумина што почнуваат со мисла да се ослободиме од ова
зло што завладеа над нашата Македонија, ослободување од оваа
домашна окупација од нелуѓе и немакедонци, така и ние
пристапивме кон организирање на ова движење кое прераснува во
моќна организација, хранета од силата на нашите чисти идеи.

Прочитајте ја нашата програма. Таа ќе ви ја врати вербата и
силата во самите вас, а со тоа нашата организација ќе се
зголемува секојдневно со нови искрени родољуби кој ја
препознаваат вредноста и чесноста на нашата идеја и дело.
Сакаме праведна, единствена, силна Македонија која е наш дом,
наша светлост и наша највисока цел. Во својата борба ќе ги
примениме сите човечни ресурси, знаења и средства за да
изградиме таква македонска држава.

Како и на секоја друга мала или голема организација и нам ни
треба вашата поддршка, вашиот основачки потпис и вашето време во
ширење на нашите заеднички идеи. Ве повикуваме да се вратите на
изворите на нашата заедничка сила, македонството, каде што се
крие тајната на нашиот живот и нашиот успех.

Бидете горди што сме Македонци. Испејте ја македонската химна,
насладете се на благодетите на нашата преубава татковина,
спознајте ја. Слушајте го ритамот на нашата изворна музика, за да
ја наполните душата со нова енергија. Никаде не е поубаво од
дома, а нашиот дом е Македонија, една и единствена.

Не може веќе никој да го запре македонството. Тоа денес има нов
почеток, а ние Македонците сме неговите вековни носители.
На повидок е новото сонце на слободата, на повидок е Родина
Македонија, на повидок сме сите ние Македонците од древната,
славната, најубавата и најмила земја на целиот свет, нашата
Македонија.

ИГОР СИЛЈАНОСКИ, ЧЛЕН НА ИО-РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Related posts

Leave a Comment