Од денешниот протест на Македонците во Швајцарија – Никогаш с…. секогаш Македонија !
Речено , сторено. Македонците во Швајцарија во главниот град Берн, го отпочнаа циклусот на протести организирани ширум светот по повод денот на независноста . Протестите се насочени против нелегалните државни институции и северната вештачка творба што зајчињата настојуваат да ја легализираат по секоја цена.
Радува фактот што се поголем број Македонци се разбудени и национално освестени , спремни за идни искушенија и одење до крај за визијата и каузата. Внатрешниот духовен мир и националната определба се најголемото богатство на секој човек.
Пораките упатени од денешниот протест експлицитно и недвосмислено ги осудуваат актуелните политички државни актери и сите донесени штетни анти македонски договори од април 2017 година . Се осудуваат и се прогласуваат за невалидни и нелегитимни :
1 .Договорот со Грција , таканаречениот Преспански со кој се направи комплетна деструкција и бришење на Македонецот, историјата и идентитетот.
2. Договорот со Бугарија и секако Тиранската платформа кој одвнатре го расцепува националниот и територијален интегритет на државата .
3. Актуелната фашистичка и нелегитимна влада која и покрај јасно изгласаниот референдум од септември 2018 година , помина брутално преку човечки македонски трупови и прогласи своја северна творба.
Протестот помина во пријатна и позитивна енергија и се испрати декларација до Швајцарската конфедерација , Европската Унија како и до властите во Македонија .
Од утре започнуваат и координираните протести и во другите држави во Европа, Канада, Америка и Австралија .
Во заедничката сила и обединување е моќта и решението на Македонците.
Сплотени , координирани во Македонија и светот ќе можеме да ја отргнеме северната обвивка надвисната над нашите мисли и глави .
Во акција и секогаш Македонија!
Македонски Национален Совет-Швајцарија