Музика

НОВАТА ПЕСНА НА СУЗАНА ЈОВЧЕВА ЗА НАШАТА РОДИНА „МАКЕДОНИЈА“ ИЗОБИЛУВА СО ИСКРЕНИ ИЗБЛИЦИ НА ПАТРИОТИЗАМ

СУЗАНА ЈОВЧЕВА СО НОВА ПЕСНА „МАКЕДОНИЈА“ КОЈА ИЗОБИЛУВА СО ИСКРЕНИ ИЗБЛИЦИ НА ПАТРИОТИЗАМ

Инспирација за новата песна на Сузана Јовчева е љубовта кон татковината, кон македонците што живеат насекаде низ светот и коишто со љубов ја сакаат својата родна земја Македонија.

Текстот и музиката за песната ги напиша Сузана Јовчева, а аранжманот е заеднички на сите артисти коишто учествуваа во реализацијата на оваа песна. За снимањето и продукцијата се погрижија Сузана Јовчева, Ангел Ќосев и Александар Стефановски, а истата е снимена во студијата „Подрумот“ и „Alex Home Studio“ во Скопје. Сузана Јовчева, песната Македонија ја исполнува заедно со едни од нашите најдобри музички артисти како што се Гоце Димовски, Гоце Узунски, Марјан Јовановски, Горан Гешовски, Ангел Ќосев, Илија Филиповски, Александар Стефановски и Перо Стефановски. Дел од артистите коишто учествуваа во снимањето се членови и соработници на култната музичка група Synthesis со којашто и самата соработува долги години наназад.

Емотивната експресија на моќната вокална интерпретација на Сузана Јовчева поврзана со силната ритмичка структура, хармонија и инструментална изведба на артистите коишто учествуваа во снимањето на оваа песна веруваме дека ќе ги освои срцата на сите љубители на убавата македонска песна и добриот звук.

Инаку, Сузана Јовчева е професор по музичка култура и има настапувано на речиси сите релевантни музички фестивали во Македонија како што се Фолк фест Валандово, Цветници, Мак фест, македонски избор за песна за Евросонг и други, добитник е на бројни музички признанија и награди, а многу пати има настапувано низ светот како соло артист и како соработник на групата Synthesis со којашто група неодамна беше на турнеја во Австралија.

Во прилог подолу е линкот од песната Македонија на Сузана Јовчева. Уживајте!

 

 

Related posts

Leave a Comment