Политика

ПАРТИЈАТА РОДИНА ќе го згасне стариот западен проект голема Албанија подметнат со новото име – Мини Шенген

РОДИНА ќе го згасне стариот западен проект голема Албанија подметнат со новото име – Мини Шенген

После неуспехот со Европската Унија на македонскиот народ му се подметнува сега друга умоболна ментална матрица, Мини Шенген, каде Македонија, Албанија, Србија а утре и Косово ќе имаат отворени граници.
Спонзори на проектот се истите западни сили кои го креираа проектот Голема Албанија во Виена пред повеќе од 100 години и кој донесе огромни страдања и етнички чистења на православното словенско население на Балканот.
Континуитетот на служење на големоалбанската идеја на западните интереси не треба многу да се елаборира, но добро е да ги осветлиме процесите кои денеска не водат на истата патека.
Албанците се најверните експоненти на американската и западноевропската политика на Балканот пред се САД, Австрија, Италија и Германија.
Помеѓу 20 милионскиот Словенски балкан креираа втора држава Косово, енклави во насока на автономија во Црна Гора, јужна Србија, Македонија, користејќи ја силата на евроатланскиот сојуз.
Во Македонија иако албанците моментално се 14%, со фалсификуваниот попис под диктаторство на американската амбасада, проектите на западната меѓународна заедница, рамковниот договор и новата територијална поделба, промените во Уставот, на Македонија и го избришаа македонскиот облик и ја поставија на патот на федерализација, односно на патот на кој што беше поделена во времето на германско-италијанската фашистичка окупација и нивните сојузници Албанија и Бугарија.

Мини Шенген е само уште еден проект на истите западни сили на патот кон голема Албанија.
Предавничката позиција и опозиција, обединети во тешките криминали кои достигнуваат суми од неколку милијарди евра, фатени од западните служби, идеално служат на тој проект.
Малите човечиња на Северна кои душата си ја продадоа за паднатиот запад, за ситна пара се користат како декор на овој фашистички проект кој ќе донесе уште едно големо страдање на Балканот.

Наша должност е да укажеме на овие процеси и да покажеме сосема поинаков пат и пристап кој ќе донесе вистински развој на целиот Балкан.

Родина за Република Македонија и македонскиот народ трасира пат на вистински развој, соработка, мир, вклучување во евроазиската економска унија, патот на свилата каде Македонија и Македонците ќе може во мир да се развиваат, да добијат предуслови за забрзан економски развој, пристап до ефтини енергенси, до големи пазари, до мега проекти кои ќе ја поврзат Македонија со остатокот на светот.
Со Северна и со проектити на западните сили кои во последните 100 години донесоа 4 војни на Балканот, поделби и етнички чистења, Балканот ќе остане Буре барут и слепо црево на светот.
Вие треба да одлучите што сакате ?

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“

 

пристапница

Related posts

Leave a Comment