Свет

Трамп: Бајден не е бесно куче, тој е малку подобар од тоа

Во врска со навредата што Северна Кореја ја упати до поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден, претседателот Доналд Трамп рече дека Бајден можеби е „заспан и многу бавен, но не и„ бесно куче “.

Доналд Трамп е на Твитер, во порака до лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, реагираше на  навредата која северно корејската агенција КЦНА ја упати  до поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, кој учествува во трката за кандидат на Демократската партија за претседател.

“Џо Бајден можеби е поспан и многу бавен, но тој не е” бесно куче “. Тој всушност е малку подобар од тоа”, напиша Трамп.

Тој навести уште една средба со Ким, порачувајќи на крајот од неговиот твит – „Се гледаме наскоро“.

Од друга страна, американскиот потпретседател Џо Бајден го нарече Ким “диктатор убиец” и порача дека  навредите од “автократи” ги носи како”орден за чест” . 

Трамп реагира во момент додека се води истрага за негово отповикување поради тврдењата дека тој извршил притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да спроведе истрага против Бајден и неговиот син Хантер.

Related posts

Leave a Comment