Погребот на иранскиот генерал Касем Сулејмани во неговиот роден град Керман е одложен по стампедото во кое загинаа 40 лица.
Сè уште не е познато кога ќе биде погребан Касем Солејмани, кој беше убиен во напад со беспилотно летало во Ирак .
#BREAKING
Kerman, south-central #Iran
Burial of Soleimani postponed after at least 35 die, 48 wounded in stampede during funeral, according to state TV pic.twitter.com/6UcOpBUx63— Heshmat Alavi (@HeshmatAlavi) January 7, 2020
Агенциите први објавија дека во погребната поворка загинале 35 лица , но според најновите извештаи, 40 се мртви, а 213 повредени.
Фотографиите објавени од иранската државна телевизија покажуваат илјадници луѓе собрани на улиците на градот, многу облечени во црно, во жалост за убиениот генерал .
Првата комеморација за генералот се одржа вчера во Техеран, со ожалостени кои бараат одмазда против САД за убиството на Сулејмани.
Неговата ќерка Заинаб вчера му се закани на Трамп со одмазда, велејќи дека ќе следи одговор за смртта на нејзиниот татко.