Кошарка

Скромноста е квалитет на големите, Лука Дончиќ со една изјава ја маѓепса НБА по трипл-даблот против Чикаго (ВИДЕО)

Лука Дончиќ

Лука Дончиќ, кошаркар на Далас, одигра нов историски натпревар во победата од 118-110 над Чикаго.

Лука Дончиќ

Словенецот заврши со 38 поени, 11 скокови и 10 асистенции со шут од игра 14 од 24. Тој стана 20-годишник со 19 трипл-дабл во кариерата и е најуспешен на сите времиња на таа возраст. Пред неговиот 21 роденден, Меџик Џонсон имаше седум вакви натпревари, а Леброн Џејмс имаше пет.

Сепак, Лука стои цврсто на земја и не дозволува неговите големи успеси да го подигнат на небо.

– Јас навистина не знам што да ви кажам. Не ми пречат овие рекорди, но тоа е само статистика. Секој натпревар е следна статистика. За мене е многу поважно да победиме – рече Дончиќ.

Од друга страна, неговиот тимски колега Тим Хардавеј Јуниор е воодушевен од игрите што ги пружа Словенецот.

– Она што е неверојатно и ретко е што Лука има 20 години. Не се сеќавам дека сум видел 20-годишник како играл толку добро од двете страни на паркетот.

Центарот на Далас, Бобан Марјановиќ не влезе во игра на мешот против Чикаго, кој беше решен со малку подобра игра на домаќинот во првата четвртина.

Related posts

Leave a Comment