Државната дума и Советот на Федерацијата, Долниот и Горниот дом на рускиот парламент, вчера и во понеделник ги ратификуваа документите за прием на Луганската и Доњецката народна република, Запорожје и Херсонската област во Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша федерални уставни закони за прием на четири украински територии во Русија и формирање на нови субјекти на федерацијата.
Документите се објавени на интернет порталот за правни информации, пренесува РИА Новости.