Неколку ракети експлодирале во воената база Таџи, северно од Багдад, во која се сместени и американски трупи, јавуваат ирачките медиуми.
Ал Арабија наведува дека два проектили биле истрелани врз базата од повеќе-цевен ракетен фрлач, додека Скај Арабија известува дека во експлозијата е повреден еден војник.Ракетниот напад се случи неколку дена по навидум намалената криза предизвикана од американски напад во кој загина иранскиот генерал Касем Солејмани и иранскиот ракетен напад врз две воени бази во Ирак.
Regarding Katyusha rocket strike on Taji base, one rocket reported, launched and landed outside of the airbase…over 2KM away, according to US official. No US or coalition forces injured or killed. No rockets hit the base.
— Jennifer Griffin (@JenGriffinFNC) January 14, 2020