Свет

Трудо го обвини Трамп за соборувањето на украинскиот авион

Премиерот на Канада го обвини Трамп за соборувањето на украинскиот Боинг

Трагедијата е резултат на атентатот на иранскиот командант Касим Сулејмани. Авионот се урна минатата среда, неколку часа откако Иранците во знак на одмазда ги нападнаа американските бази во Ирак.

Иако Иран првично негираше дека го урнал авионот, властите подоцна признаа дека имало „фатална грешка“, бидејќи сметале дека патничкиот авион е всушност американски бомбардер.

Трудо првично одби да зборува за тоа дали Трамп може на некој начин да биде одговорен за трагедијата, но сега тој го впери прстот директно кон него.

„Мислам дека Канаѓаните кои починаа сега ќе беа безбедни дома ако немаше тензии во регионот“, рече Трудо.

Потоа тој додаде дека „вакви работи се случуваат ако сте во судир и војна“.

– Невините секогаш го понесуваат најголемиот товар и ова треба да послужи како потсетник за тоа зошто сите треба да работиме на деескалација и да дадеме се од себе за да ги смириме тензиите. Мора да најдеме начин да решиме некој проблем кој нема да нè натера во конфликт и да доведе до убиства – рече Трудо.

Канадскиот премиер исто така изјави дека разговарал со Трамп околу паднатиот авион.

„Му реков за страдањата и очајот што Канаѓаните го чувствуваат, како и потребата што побрзо да добиеме одговор на прашањата како сето тоа се случи, како и уверување дека такво нешто нема да се случи повторно“, рече Трудо.

Related posts

Leave a Comment