Свет

Ракетен напад врз база северно од Багдад

Неколку ракети експлодирале во воената база Таџи, северно од Багдад, во која се сместени и американски трупи, јавуваат ирачките медиуми.

Ал Арабија наведува дека два проектили биле истрелани врз базата од повеќе-цевен ракетен фрлач, додека Скај Арабија известува дека во експлозијата е повреден еден војник.Ракетниот напад се случи неколку дена по навидум намалената криза предизвикана од американски напад во кој загина иранскиот генерал Касем Солејмани и иранскиот ракетен напад врз две воени бази во Ирак.

Related posts

Leave a Comment