Свет

Русија ја повлече потерницата за Тихановска

 

Тихановская сожалеет, что не может приехать в Россию - РИА Новости,  01.12.2020

Москва – Руската полиција ја откажа потерницата за белоруската опозициска политичарка Светлана Тихановска, издадена по иницијатива на белоруските власти.

Тихановска е во егзил од минатата година, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко го освои шестиот мандат на изборите во август, а таа, која му беше противник, одби да ги прифати резултатите, верувајќи дека се наместени, па затоа ја напушти Белорусија истиот ден и отиде во соседна Литванија.

Во октомври, Белорусија издаде меѓународна потерница за Тихановска, обвинувајќи ја дека повикува на закани по националната безбедност на Белорусија.

Related posts

Leave a Comment