Свет

САД испраќаат трупи за заштита на нафтените полиња во Сирија, Русија ги обвинува за грабеж

 

Шефот на Пентагон Марк Еспер изјави дека Соединетите држави ќе испратат оклопни возила и борбени трупи во источна Сирија за да спречат нафтените полиња во областа да паднат во рацете на Исламската држава. Москва го коментира овој потег како меѓународен државен грабеж.

Иако Доналд Трамп најави повлекување на американските трупи од Сирија, работите се различни.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер објаснува дека дополнителните трупи ќе бидат „механизирани“, ќе користат оклопни носачи на пешадија „Бредли“, тенкови и други возила.

Не треба да им се дозволи на терористите повторно да влезат во нафтените полиња, истакнува Еспер.

„Ако терористичката Исламска држава, би имала пристап до нафтените ресурси, средства за набавка на оружје и плаќање на борците или што било друго – тоа ќе го отежне нејзиниот поразо.Тоа на терористите ќе им овозможи  да напанат во Европа или Америка“, предупреди Еспер.

Сепак, руското Министерство за одбрана тврди, дека ниту според меѓународното право ни во американското законодавство, не постои легитимна задача американските војници да ги штитат и бранат енергетските места во Сирија, од самата Сирија.

Завземањето на нафтени платформи и нивната контрола под целосна воена опрема има втора цел – да се продолжи, под заштита на американските трупи, долгогодишната практика на шверц на сириската нафта со цистерни надвор од Сирија, оценува руското министерство.

Related posts

Leave a Comment